16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Семејствата се трансформираат, но остануваат најважната нишка

Семејството е социјална единица на општеството. Како посебна институција претставува важен дел на едно општество и затоа како такво треба да се негува, развива и заштитува преку државните механизми погодни за таа намена.

Според истражувањата на УНИЦЕФ начинот на кој се воспитуваат децата, во голема мера, претставува проекција на функционирањето на едно општество

Иако семејствата глобално се трансформираа во текот на изминатите децении во однос на нивната структура и како резултат на глобалните трендови и демографските промени, Обединетите нации сè уште го препознаваат семејството како основна општествена единица.

Во светот, сè поголем е бројот на родители кои сами се грижат за своите деца, а кои сочинуваат 19% од семејствата со деца во земјите-членки на Европската Унија. Во најголем дел овие семејства ги сочинуваат самохрани мајки, а само 15% се самохрани татковци чија социоекономска состојба е мошне подобра, во споредба со таа на самохраните мајки.

Без оглед на формата, улогата на семејството во животот на една личност не треба да се потценува.

.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ