19.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Кои се Влахчева и Караѓозов?

Славјанка Влахчева  е прва образувана медицинска сестра во Македонија. Била позната како Македонското девојче во бело. Влахчева е родена во Штип во 1900 година. Го завршила Училиштето за медицински сестри на Друштвото на црвениот крст во Белград, 1924 година. Откако се вратила во родниот град, активно се вклучила во борбата против маларијата. Подоцна почнала да работи на Антитуберкулозниот диспанзер во Скопје. Влахчева има особена заслуга за воведувањето на патронажната служба и спроведувањето на бесеже вакцинацијата

Панче Караѓозов бил македонски хирург и професор, еден од најистакнатите стручњаци од областа на хирургијата. Toj се смета за основоположник на хирургијата во Македонија. Потекнува од  Штип. Како еден од најдобрите ученици на Штипската гимназија, го продолжил своето образование на познатите универзитети во Грац и Виена. 

Панче, неговата сопругата, и првата медицинска сестра, Славјанка Влахчева, по војната, во периодот од 1945/46 година, биле организатори на првото училиште за медицински сестри и техничари во Скопје во кое своето формално образование во повоениот период го добиле многу генерации медицински сестри и техничари. Подоцна ова училиште го добило името „Д-р Панче Караѓозов“.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,098FansLike
2,010FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ