12.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Сања Бошковска: Животните на љубов, враќаат со љубов

Приказна Како започна вашата приказна?

Сања Бошковска Сакам да кажам дека овој мал бизнис и содржина на социјалните медиуми што ги посветувам за милениците, конкретно за кучињата е затоа што сакам да дадам еден свој, личен општествен придонес како кон кучињата, така и кон луѓето.

Сметам дека кога би знаеле повеќе и би се едуцирале, какви придобивки имаме во животот живеејќи со куче, сите би имале подобар, среќен и поисполнет живот. Од таму е таму целата таа идеја, а и од некој револт, затоа што сметам дека има намалена свест и едукација, дека недостасува емпатијата и грижа за животните.

Приказна Кои се придобивките од животот со миленици?

Сања Бошковска Би сакала да кажам и неколку придобивки кои ги имаме ние луѓето од живеењето со кучињата во домот. Прво, тука се здравствените придобивки. На човекот уште од најмала возраст му се зголемува имунитетот, станува отпорен на алергии и вируси.

Покрај тоа, ние како луѓе стекнуваме многу важни вештини коишто ни се потребни за цел живот, и сето тоа учејќи го од кучињата. Освен одговорноста, социјализацијата, дисциплината, емпатија, емоционална интелигенција, зголемена активност, ние учиме и како да се сакаме себеси и како да живееме во моментот.

Со самото тоа што кучето те гледа како најдобар пријател и те сака повеќе од твојот живот, те сака без оглед на твојата емоционална, ментална и физичка состојба. Со тоа, учиме да се прифатиме самите себеси, такви какви што сме.

Широко е познато дека кучињата се многу добри терапевти, за лица со аутизам, на лица со оштетен вид, на лица склони кон депресија и сл.

Приказна Кои се нашите одговорности кога имаме миленици?

Сања Бошковска Многу е важно да се знае како да се грижиме за кучињата, како соодветно да ги воспитуваме, за тоа да биде преточено во еден среќен живот.

Најчеста ситуација со која се сретнувам е дека родител сака да земе куче поради детето. Но, воопшто не е спремен за ништо што следува, па најчесто тие случаи доведуваат до оставање на кучињата на улица.

Секој родител важно е да знае дека со миленикот, добива уште едно дете дома. На миленикот треба да му посвети внимание, време за игра, едукација, прошетки, физичка и ментална активност. Секако, не може да очекува дека неговото дете ќе знае да се грижи за кучето, ниту пак дека кучето ќе знае како да се однесува во новиот дом. Децата учат како да се грижат за кучињата од самиот пример, односно од родителот.

Сања Бошковска

Приказна Вие имате интересна бизнис идеја. Што точно изработувате за миленици?

Сања Бошковска Имам маички, летни и зимски. Тие се наменети за луѓе, за возрасни и деца, но и за кучиња. Тие се извезени и шират една порака за љубовта кон кучињата.

Многу ми е драг најновиот производ, станува збор за книгата за моето куче. Таа е составена од два дела. Вториот дел е посветен на значењето на кучињата врз целокупниот живот на детето, но го опишувам и говорот на кучињата и што тој значи.

Зошто е важно да знаеме како да комуницираме со нив, кои се позициите на спиење, изразите на лице и сл. Покрај ова, тука се и 10 основни тренинг команди, и чекор по чекор, совети како најлесно да ги совладате кучињата, како и предлог игри за ментална стимулација кои се навистина неопходни за кучето. Сите овие тренинг команди се многу важни. Колку повеќе се грижиме за нив, толку помали се шансите за деструктивно однесување кај кучињата.

Документарен магазин Приказна на тема миленици

Првиот дел од книгата е дневник каде што може да се бележи буквално целиот живот на кучето со зборови и слики. Има страница за отпечаток од шепата и отпечаток од раката на човекот, доживувањата од заедничките патувања, хороскоп за кучиња.

Идејата за оваа книга настана од мојата лична потреба, бидејќи имам двегодишно девојче и дванаесетгодишно куче. Имав силна потреба да го запамети кучето малку повеќе од слики, па затоа го изработив споменарот, по нејзин терк. Таа во иднина ќе може да го чита и да и биде интересно. Ми недостасуваше делот за едукацијата, каде не само за неа, туку за сите на кои им треба, ќе има едукација Мисијата е да шириме љубов кон кучињата, затоа што ќе ни се врати многукратно

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ