4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

МУЗИКАТА ОД „ПРАШИНА“ ЗА ПРВПАТ, ДОСТАПНА НА ДИГИТАЛНИТЕ МУЗИЧКИ СЕРВИСИ

Првото од серијата изданија со кои ќе биде претставена филмската и театарската музика на Кирил Џајковски, е достапно на дигиталните музички сервиси, најавуваат од Филтер Лабел. На овој начин, пошироката публика конечно ќе добие целосен увид во овој дел од творештвото на еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни современи композитори.

Иако е можеби најпознат по неговиот електронски музички проект Djaikovski, со кој настапува на некои од најзначајните светски музички фестивали, Џајковски има и втор, исто толку импозантен опус. Станува збор за музиката што ја компонираше за дузина филмови и театарски претстави на некои од најистакнатите домашни режисери, меѓу кои и Милчо Манчевски, Иво Трајков, Александар Поповски, Дарко Митревски.

Објавувањето на филмската и театарската музика на Џајковски започнува денес со саундтракот од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски. На изданието композиторот вешто се движи низ повеќе жанрови и комбинира класична музика, танго и џез, без притоа да ја наруши конзистентноста на целината. Тоа му овозможува на албумот одлично да функционира и самостојно, надвор од контекстот на филмот за кој е напишан, па така музиката од ова издание веќе си го најде местото и на репертоарот на повеќе интернационални ансамбли.

Најнова потврда за популарноста на материјалот од „Прашина“ е вклучувањето на темата „Brothel Tango“ во музичко балетскиот перформанс „The Waste Land“ на престижниот холандски колектив Amsterdam Sinfonieta. Во овој проект инспириран од една од најпознатите поетски творби на 20 век, „Пуста земја“ на Т.С. Елиот, композицијата на Џајковски е употребена заедно со дела од Стравински, Лејг, Берг и Најман, а се појавува во еден од највпечатливите моменти на шоуто.

Албумот со музиката од „Прашина“ од денес може да се слуша и симнува од сите дигитални музички сервиси. Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса.

Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови, кои може да ги погледнете на овој линк.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,818FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ