16.8 C
Skopje
Sunday, May 29, 2022
spot_img

Родителите со своето однесување, ја обликуваат личноста на детето

Дисциплината во новово време не е толку ценета, во насока на слепа послушност и почитување. Затоа таа треба да се базира во развивање на одговорност за сопствените постапки, а тоа ќе се случи доколку се разговара со детето за последиците, а казната не се препорачува толку, освен во некои екстремни ситуации, бидејќи нејзината тенденција е да спречи нешто, но не се покажува какво однесување е посакувано, односно какво треба да има детето, вели во интервју за „Приказна“, проф. д-р Орхидеја Шурбановска.

Приказна ЕП26 – Родителство и воспитување

ПРИКАЗНА: Зошто традиционалните модели за воспитување на децата, денес не може да се применат?

ШУРБАНОВСКА: Знаеме дека живееме во едно демократско општество ви коешто не се цени толку онаа послушност. Други се вредностите на ова време, така што тоа строго и автократско воспитување, каде не се објаснуваат пораките или одлуките што се носат, не функционира, наспроти она родителство кое повеќе ја развива индивидуалноста на детето, независноста и слободата на детето, секако дека со поставување на одредени граници коишто се објаснуваат зошто се поставуваат и детето да ги разбере во заедничка комуникација.

ПРИКАЗНА: Што е позитивно родителство?

ШУРБАНОВСКА: Позитивно родителство е ефикасно родителство, односно она коешто поттикнува независност и слобода на детето, во коешто се донесуваат заеднички одлуки, но секако родителот треба да е свесен дека неговите зборови и мислења се респектирани од страна на детето. Да биде свесен родителот колку неговиот темперамент се сложува со темпераментот на детето. Јасно да ги постави очекувањата од детето, колку високи барања, колку може детето да ги постигне, една опуштена семејна атмосфера во која убаво е да владее хумор, да се кажуваат секојдневните активности или доживување кое се случиле во денот. Тоа е едно позитивно родителство коешто развива психички здраво и весело дете, со самодоверба и со одговорност за своите постапки

ПРИКАЗНА: Која е разликата помеѓу казна и дисциплина?

ШУРБАНОВСКА: Дисциплината во новово време не е толку ценета, во насока на слепа послушност и почитување. Затоа таа треба да се базира во развивање на одговорност за сопствените постапки, а тоа ќе се случи доколку се разговара со детето за последиците, а казната не се препорачува толку, освен во некои екстремни ситуации, бидејќи нејзината тенденција е да спречи нешто, но не се покажува какво однесување е посакувано, односно какво треба да има детето.

ПРИКАЗНА: Кои се факторите кои влијаат врз детскиот развој?

ШУРБАНОВСКА: Средината, односно семејството, првиот социјален свет на детето, а родителите на некој начин ја обликуваат на некој начин личноста на детето, со нивното однесување и со нивниот односот кон детето.

За Приказна,

Вики Чадиковска

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,398FansLike
1,404FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ