26.8 C
Skopje
Saturday, April 13, 2024
spot_img

Пуликсенија Јованова: За уште поголеми успеси и позитивни карате приказни, важна е довербата и вложувањето во младите

Пулексенија Јованоска е дванаесеткратен државен шампион во карате. Има освоено европски медал, била Балкански шампион и олимпиец. Taa е првата македонска каратистка што воопшто се натпреварувала на Олимписки игри и иако заврши на деветтото место, сепак овозможи да се гордееме со неа.

Кога почнавте да тренирате карате и како се вљубивте во овој спорт?

Пуликсенија На 6 годишна возраст влегов прв пат во сала. Не ни знаев што е карате, подоцна сфатив дека каратето е добро за развој, чекор по чекор на полагања за појаси односно достигнувања и низ него научив дека со мали чекори се стигнува до целта. Големите чекори не често носат успех.

Што е најважно во овој спорт?

Пуликсенија Како и за секој спорт, така и за каратето сметам дека најважна е дисциплината. Важно е да бидеш дисциплиниран со храна, здрав сон, да имаш редовни тренинзи.

На што сте горди?

Пуликсенија Горда сум што успеав низ сите успеси и титули да не се променам, да останам приземна и можеби звучи чудно но горда сум што во текот на успесите и каратето најмногу верував во Бога. Верував дека тој ги поткрепува сите мои успеси. Сите остварени соништа ме прават горда.

Како во секој спорт, така и во каратето, за успех се важни дисциплината и посветеноста. Името на Пулексенија ќе остане запишано меѓу 10. те најдобри каратистки на светот, но и како прв наш претставник на ОИ. Минатата 2022 година заврши со кариерата, бидејќи сметаше дека е доволно. Најважно е во животот да знаеш кога е доста. Јас освоив сè што сакав, изјави тогаш Пулексенија.

Колку во Македонија се цени каратето?

Пуликсенија Сметам дека се цени. За разлика од останатите спортови, навистина е водечки спорт. Носи резултати во континуитет. Да почнеме со светскиот медал на Жарко Арсовски, европската шампионка Наташа Илиевска, Симона Трајковска прва медалистка во ката тим, Берат Јакупи неколкукратен европски шампион, Вероника Костовска е надеж за сериозни резултати.

Имаме млади надежи, Јована Георгиева, Каролина Јанчоска, Драгана Мицовска. Каратето е богато со успешни спортисти и спортистки и дава за право да кажеме дека е водечки спорт кој донел многу за нашата држава.

Како за секој спортист индивидуално, така и за функционирањето на една спортска заедница во целина, во случајов каратето, важна е здравата конкуренција.

Што го прави каратето да биде поуспешен спорот, а и самата федерација да биде една од поуспешните?

Пуликсенија Сметам дека здравата конкуренција си го прави своето. Може да се пофалиме со над 80 карате клубови, што е за пофалба. Има луѓе кои сакаат да бидат дел од каратето и од таа приказна. Тоа значи со здрава конкуренција, создаваме здрави таленти, здрави деца и успешни спортисти кои носат сериозни резултати.

Звучи нескромно, но навистина ги остварив сите мои соништа. Во момент кога решив да завршам со натпреварувачкиот процес, сфатив дека сето мое знаење и искуство треба да го пренесам на нови генерации. По тој предизвик, си дадов нова цел да го отворам клубот. Клубот веќе 2 години работи и горда сум на моментот дека можам да пренесам знаење и дека постојат деца кои сакаат да работат со мене.

Сметам дека сите успеси доведоа да заслужам да ја носам таа круна.

За секоја работа ако сакаме да биде успешна, мора да ѝ се посветиме. За да ѝ се посветиме и да се дадеме, мора да страдаат некои работи од страна. Секој човек доколку си го оствари сонот, сфаќа дека не е погрешно да се посветиш на одредена работа. Посветив долги години работа, тренизни, но континуираните успеси и наградата на крај да си препознатлив по она што си го давал низ годините е најголемата награда за мене.

Документарен магазин Приказна

Каков е интересот на младите и родителите за карате?

Пуликсенија Изненадувачки е колку многу заинтересираност има и тоа не само кон каратето како спорт, туку колку сакаат да се социјализираат преку спорт, да учат што е пораз, да бидат присутни, да имаат голем број пријатели. Мотото на еден спорт е на почеток да научат да се однесуваат од најмала возраст со други деца, со други чувства.

Секое дете не реагира исто во процес на растење и развивање. Спортот е добра база да се изгради едно дете во правилна насока. Моето име остана запишано со златни букви во историјата на македонското карате, бидејќи бев правта и единствена претставничка на олимписките игри во Токио. За жал, каратето веќе не е дел од олимпиското семејство.

На што се должи позитивната енергија меѓу Вашите колеги?

Пуликсенија Јас се радувам што постои таква атмосфера помеѓу младите спортисти. Можеби препознавањето дека е време кога младите треба да преземат и федерација и клубови и со тоа прифаќање младите и постарите генерации да се соединат и да прават резултати, може да кажам дека тоа е формулата. Ние ако сме индивидуален спорт, сепак сме научиле дека тимската група и одлука е важна за општеството.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,231FansLike
2,800FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ