15.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022
spot_img

Приказната на Андријана Костова Петровска- Ани: фотографирањето е волшебна љубов

Oваа професија е прекрасна. Јас, после толку години работа сфаќам дека секојдневно ја доживуваме таа убавина, одново и одново, преку фотографирање на убави нешта, убави луѓе, го овековечуваме тој момент, така што, со едноставни зборови кажано, оваа професија е навистина прекрасна, вели во интервју за „Приказна“ Андријана Костова Петровска.

Андријана Костова Петровска и Димитар Петровски е најпознатото фотографско дуо кај нас.

Креативни, забавни, неуморни и вредни, важат за пар кој совршено се надополнува, а тоа за нив е формулата на успехот во фотографскиот свет.

Што и да фотографираат, љубовта и душата се чувствуваат во секоја една фотографија излезена од нивниот креативен свет.

Фотографијата е прекрасна професија, со љубов споделува со нас Ани.

Љубовта кон оваа професија, ја поттикнува нејзиниот дедо, но вистински ја инспирира нејзината тетка.

Мојата фотоприказна започна пред некои 15 години. Од малечка го гледав мојот дедо и неговите фотоапарати. Тој не беше професионален фотограф, туку фотографирањето му беше некое хоби, но ете од тогаш се имам запознаено со фотографијата. Потоа, една моја тетка, која е уметник ме повика кај неа во студио да и ги фотографирам уметничките дела. Кога отидов кај неа почнав да правам некои композиции и да додавам некои работи, таа го забележа тоа и веднаш ми кажа дека ќе бидам фотографка. Тогаш тоа не го сфаќав сериозно, но баш со неа, со нејзините слики, умешност,креативност,  ги направив првите фотографии и од тогаш некако тргна се, вели Ани за нејзините почетоци.

Од фото архивата на Ани

Историјата ја менува технологијата, оставајќи простор да се развива талентот.

Кога јас почнував со работа, тогаш почнуваше и подемот на технологијата со мегапиксели и мојот прв фотоапарат беше со 3 мегапиксели, што јас лично си го купив. Еве сега гледаме до каде стигна технологијата е колку е сè овозможено со програми за обработки, филтри, што значи доста е олеснето, додава Ани.

Жената, нејзината убавина и сензибилитет се нејзиниот предизвик за фото приказни.

Најмногу за фотографирање ме привлекуваат жените. Знам да фотографирам и други работи, но тоа што ме инспирира е женската убавина.

Документарен магазин Приказна посветен на фотограки

Нејзиниот сон е да има своја изложба.

Би сакала да имам своја изложба, со Дими секако. Сега од секојдневната работа со клиенти, немаме време да се посветиме на тоа, но дека сакам да го реализирам тоа како проект во иднина, дефинитивно ми е во план, додава за крај Ани.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ