Дома Вести Поддршка за дарителите на коскена срцевина на Скопскиот маратон

Поддршка за дарителите на коскена срцевина на Скопскиот маратон

Да се дарува коскена срцевина значи некому да се даде можност одново да живее, ова е единствениот мотив на стотината здравствени работници, волонтери и поранешни пациенти, кои в недела на 3 Октомври 2021 година ќе трчаат на Скопскиот маратон и со тоа симболично ќе мотивираат поголем број донатори на коскена срцевина да се пријават во Националниот регистар за донатори.

ЈЗУ Клинина за хематологија – Скопје повикува да се поддржат здравствените работници, волонтерите и пациентите кои ќе трчаат на Скопскиот маратон на 3 Октомври 2021 година во чест на дарителите на коскена срцевина. Клиниката за хематологија ќе постави пункт пред влезот на спортската сала Борис Трајковски граѓаните, кои се добра здравствена состојба, на возраст од 18 до 50 години може да станат дел од македонскиот регистар на дарители на коскена срцевина. Дарител може да биде секој што се чувствува здрав и со доброволно дарување на 5 мл периферна крв, да се запишат во доброволниот регистар на дарители на коскена срцевина.

Не мора да сте во добра кондиција и да истрчате 5 километри, но можете да бидете храбар и да се запишете се во регистарот на Институтот за имунологија. Треба само да оставете една епрувета крв која ќе се типизира и потоа влегувате во софтверски систем како потенцијален дарител на коскена срцевина, која за многу хематолошки болести е единствен лек. Дарувањето коскена срцевина е комплетно сигурна процедура која може да спаси човечки живот, изјави директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска-Ставридис.

Емисијата Приказна, посветена на трансплатација на коскена срцевина

Пановска Ставридис во интервју за Приказна, изјави дека во Македонија во 2010 година е основан регистарот на доброволни дарители. Постојат одреден број на членови, во моментов мислам дека таа бројка за жал е околу 5.000, коишто имаат дадено една епрувета крв и врз основа на тоа на тие луѓе им е земен нивниот „печат“, тоа за што зборувавме предмалку. Тој е вметнат во посебен компјутерски софтвер во којшто стои листа на луѓето коишто од Македонија се согласни потенцијално некому да спасат живот. Мене ми е многу жал што кај нас не е доволно објаснета оваа тема и имаме многу потенцијални регистри, бидејќи тие луѓе со многу мала жртва од неколку дена, некому значат живот. Потенцијалниот дарител за неколку дена се враќа на работа, горд, затоа што знае дека некому спасил живот, додаде директорката на Клиниката за хематологија.

Интревју со д-р Ирина Пановска – Ставридис – директорка на Универзитетската Клиника за Хематологија

Македонскиот дарителски регистар кој е дел од вкупниот светски регистар, моментално брои околу 5000 дарители, што е многу мал процент од вкупниот регистар кој број 40 милиони дарители.

Во интервјуто за Приказна, Пановска Ставридис изјави дека трансплантација на матични крвни клетки претставува најсофистицирана метода во современата медицина, кога без хуруршки зафат, трансплантираме орган, односно заболените матични крвни клетки ги заменуваме со здрави крвни клетки. Има различни болести кои ги лекуваме со интензивна хемотерапија којашто ги оштетува матичните крвни клетки. Исто така има и огромна група на болести, чијашто инциденца во светски рамки е сè повисока, значи се повеќе ги има и тие малигни заболувања започнуваат во матичните крвни клетки. Единствен начин да се излекуваат е преку трансплантација на матични крвни клетки, вели Пановска Ставридис.

Со зголемување на бројот на доброволни дарители во дарителскиот регистар за коскена срцевина се зголемуваат шансите за пронаоѓање на соодветен дарител за пациентите чии единствен спас е трансплантација на матични клетки.

Редакција Приказна

Exit mobile version