33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Од генетски инжинеринг до орторексија

Генетскиот инженеринг често се применува за производство на храна пред сè во високо развиените земји. Генетски модифицираните земјоделски култури се употребуваат во земјоделството. Нивните гени се изменети со цел да бидат поотпорни на суши, штетници, болести или да имаат подобри нутритивни својства. Но, овие култури може да имаат негативно влијание врз биодиверзитетот во животната средина.

Пестицидите се хемиски супстанции кои се употребуваат во земјоделието за заштита на засадените полиња од инсекти, од болести и од непотребните треви кои се јавуваат помеѓу засадената култура и предизвикуваат најразлични штети. Во определени количества се потребни и корисни при производството на прехранбените производи. Но, тие може да имаат и негативни ефекти, како загадување на воздухот, почвата и водите. Повеќе студии ја поврзуваат изложеноста на пестициди со негативни здравствени ефекти, како респираторни, репродуктивни проблеми, нарушувања на ендокриниот и невролошкиот систем и зголемен ризик од малигни заболувања. Под особен ризик се смета дека се најмалите, поради тоа што за нив можат да бидат штетни и најмалите количества внесени пестициди преку исхраната. Децата имаат помали количества на детоксифицирачки ензими и нивниот мозок е во развој, па се почувствителни на невротоксини.

Орторексија претставува опсесија при консумирање храна која е „чиста“ и „здрава“. За разлика од луѓето кои страдаат од анорексија и булимија, од аспект на количината на храна која се внесува, луѓето кои страдаат од орторексија опсесивно се занимаваат со квалитетот на храната, проверуваат сè што содржат намирниците, избегнуваат „junk food“, до ситни детали ги планираат оброците и константно се на „здравите диети“.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ