16.8 C
Skopje
Saturday, August 13, 2022
spot_img

Наставници и родители: Овие реченици се важни за школските деца

Можете ли отворено да разговарате со наставниците на вашите деца? Односот меѓу родителите и наставниците е од голема важност во образовниот процес на децата, а отворената комуникација е клучна за сигурно опкружување во кое децата ќе може да напредуваат. Голем дел од наставниците често да ги изостават овие реченици, најчесто поради тоа што мислат дека може да бидат погрешно разбрани од родителите.

1. На вашето дете не му се требаат пофалби во секоја ситуација

Пофалбите се важна компонента во одгледувањето силни деца и деца со високо ниво на самодоверба, но во одредени ситуации пофалните зборови можат да им наштетат. Ако секојдневно децата се фалат за сè што прават, ќе дојде време кога ќе мораат да се соочат со реалноста, во која некој ќе биде подобар од нив или ситуации во кои тие ќе направат нешто како што не треба, особено на училиште. Во тој момент ќе мора да се соочат со фактот дека не се секогаш најдобри. Поддржете ги вашите деца и давајте им пофални зборови кога тоа навистина го заслужуваат, но научете ги дека некој понекогаш ќе биде подобар од нив, и тоа е во ред. Наместо често да им говорите дека сте горди на нив, подобро е да ги научите да бидат горди на себе и да не бараат одобрување од другите туку во себе.

2. Критиките сведете ги на минимум

За да може да бидат успешни, децата понекогаш мора да ризикуваат и да знаат дека е во ред и да изгубат. Родителите перфекционисти често поставуваат превисоки очекувања пред своите деца, што не е лошо, но она што е важно е очекувањата да бидат реални. На децата имаат потреба повремено да излезат од својата комфор зона и да испробуваат нови работи, без постојано да се критикувани. Грешките се важни, бидејќи тие нè учат.

3. Сè што ќе ви каже детето не значи дека е вистина

Кога наставниците би верувале во с’е што зборуваат децата за своите родители, којзнае какво мислење би имале за нив. Истото важи и за родителите.

Секогаш постојат две страни на приказната, а децата понекогаш сакаат да зборуваат со измислени детали за да направат информацијата забавна. Секогаш слушајте што кажуваат децата и потрудете се да дознаете нешто повеќе за ситуацијата, особено ако децата се вознемирени. Ако ве загрижува нешто што се случило на училиште, разговарајте со наставникот. Може да се изненадите од она што ќе го дознаете како информација.

4. Децата го прават она што го правите, а не тоа што го зборувате

Вие како родители сте најголемиот животен учител за вашите деца. Ве набљудуваат од најмала возраст. Бидете одговорни. Почитувајте се себе си и другите, не ги прекинувајте другите додека зборуваат, бидете емпатични и со добри намери. На тој начин и вашето дете од вас, ќе научи што е добро однесување.

5. Домашната работа е за деца, не за вас

Сите родители сакаат децата да им бидат успешни, па кога ги гледаат дека се мачат, се случува да се фрустрираат. Наставниците истакнуваат дека особено важно е децата сами да се изборат со ситуацијата, бидејќи на тој начин ќе развијат вештини за решавање на проблеми и ќе градат трпение.

Бидете поддршка на детето, охрабрете го. Но не ги извршувајте неговите домашни задачи, бидејќи на тој начин му пренесувате порака дека е неспособно.

6. Вашето дете е посамостојно отколку што мислите

Понекогаш ви изгледа дека полесно и побрзо ќе завршите некоја задача, наместо тоа да го направи вашето дете. Но, ова е погрешно. На овој начин, му ја одземате приликата за учење животни вештини.

Децата кои одат на училиште, можат сами да си ја спакуваат ужината, да истражуваат на интернет за потребните училишни активности. Можат да ја средуваат собата и да ви помагаат во домашните активности. Давајќи им шанса на децата да бидат самостојни, им го давате најдобриот комплимент, бидејќи на тој начин покажувате дека верувате во нив.

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,541FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ