33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Мишко Тасев: ме исмејуваат заради попреченоста, плачам и гладувам со денови

Мишко Тасев е човек осуден целиот живот да се мачи. Живее во село Мородвис. Од млад е останат сирак. Гладувал и бил исмејуван како дете. Гладува и го исмејуваат и денес, на негови 29 години.

Мишко животот го минал во искината облека. Но, и со искината душа и срце. Се сеќава на секој тежок ден во кој мајка му се мачела да ги прехрани и порасне. Како дете бил прегазен од кола, па последиците од таа несреќа ги чувствува и денес. Тој е човек со попреченост и не е способен да работи секаква работа. И денес, не живее убаво. Причина за тоа е лошата финансиска состојба и неможноста да го помине месецот. Претходната зима ја поминал во мрак, а мрачно живее дури и кога надвор е ден.

– Многу тешки години се зад мене. Роден сум во ова село. И на татко ми речиси и да не се сеќавам. Како сирак, сите ме исмејуваа. Роден сум како дете со попреченост, тоа е уште една причина плус за поради која во селото си поигруваат со мене. Понекогаш не можам да издржам и плачам-ја започнува Мишко својата животна приказна за емисијата „Срце на дланка“.

Несреќа по несреќа се нижат во ова семејство. На 27 години умира сестрата на Мишко, оставајќи зад себе малолетни деца, за кои денес се грижи мајката на Мишко. Па, бидејќи таа е често во Струмица, тој останува сам, без пари и без храна.

– Каде и да се вработам ме бркаат. Пред неколку години почина сестра ми и остави мали дечиња зад себе, па, мајка ми мора да оди таму да ги чува. И таа се изнамачи. Едвај нас не изгледа, а сега еве и судбината со сестра ми и е капак. Да не е таа, ниту јас нема да преживеам. Таа ми дава пари, па некако ги распоредувам. Ако има паштета, ќе намачкам. Ако не, јадам така суво лепче. Еве, со месеци живеам и без струја. Ваков живот не би им посакал ниту на душманите-додава тој.

Овој човек знае да гладува и со денови.

– Се трудам. Излегувам да собирам шишиња за да земам некоја стотка за да купам храна. Секој ден ми е ист. Некогаш излегувам зашто дома во мрак сам не се седи, а селаните со погрдни зборови ми викаат, оди работи, зашто просиш. Сум бил и во ситуација да просам. Како да работам, кога никој не ме вика. Од сообраќајката како дете, имам сериозни последици. Плус сум и лице со инвалидитет. Не можам што било да работам-вели Мишко

На овој човек не му преостанува ништо друго, освен да се надева дека некој од селаните ќе се смилува и ќе му помогне. Исто, како што се надева дека ќе му помогне и хуманиот народ за еден ден во животот да почувствува дека живее како човек.

Доколку сакате да му помогнете на Мишко, тоа можете да го сторите на телефонскиот број 077/577212 или на оваа жиро-сметка 300057020947673.

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ