8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Милионска отштета за стотици американски гимнастичарки, сексуално злоставувани од Лери Насар

Стотици жени жртви на некогашниот доктор на гимнастичарската репрезентација на САД и на Мичиген стејт универзитететот, Лери Насар, ќе добијат 380 милиони долари како оштета по спогодбата со Гимнастичката федерација на САД.

Оваа спогодбата означува крај на петгодишната долга борба на жените кои се злоставувани и крај на еден од најголемите скандали кои го потресоа американскиот спорт. Спогодбата е постигната со Националното водечко тело за гимнастика на САД (УСАГ) и Американскиот олимписки и параолимписки комитет и нивните осигурителни компании.

Насар во 2018 беше осуден на над 300 години затвор поради злоставување на гимнастичарки, меѓу кои се и неколку освојувачки на олимписки медали, вклучително и најдобрата меѓу нив, Симон Бајлс.

Многу жртви на Насар со години чекале на некаков вид на компензација за да ги покријат трошоците за скапото лекување на менталното здравје, додала Денхоландер. Гимнастичарките се бореле со анксиозност, депресија и посттрауматолошки стрес, а некои од девојките се обиделе и да се самоубијат.

Ова е една од највредните спогодби за сексуално злоставување во Америка. Во рамки на спогодбата е одредено и дека Олимпискиот комитет на САД и американскиот Гимнастичарски сојуз на жртвите ќе им дадат места на раководечки позиции

За сексуално вознемирување Насар го обвинија над 330 жени и девојки. Извештајот за истрагата од страна на Федералното биро за истраги (ФБИ) укажа на бројни грешки, одложувања и прикривања од страна на агентите од ФБИ кои на Насар му овозможија неколку дополнителни месеци да продолжи со злоставување и откако започна истрагата.

Поранешниот спортски доктор кој призна дека со години ја злоставувал една од најдобрите американски гимнастичарки, беше осуден во јануари 2018 година на затворска казна од 40 до 175 години. Ова е втора повеќегодишна затворска казна за 54-годишниот доктор. Исто така тој беше осуден на 60-годишна затворска казна за детска порнографија.

Адвокатот кој ги застапуваше жртвите изјавил дека оваа спогодба е историска, но и оти борбата против сите кои не успеаја во оваа истрага продолжува.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ