9.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Хрватска доби зелено светло за воведување на еврото од 01.01.2023

Европската комисија објави дека Хрватска ги исполнила сите услови за усвојување на заедничката валута, еврото, на почетокот на 2023 година. Хрватска ги задоволува конвергенциските критериуми, што практично значи дека е подготвена да стане 20. членка на еврозоната од 1 јануари 2023.

Комисијата објави извештај кој ги одредува нивоата на подготвеност на земјите членки на Европската Унија кои не го користат еврото за влез во еврозоната. Во извештајот се наведува дека бројот на земји членки на еврозоната ќе се зголеми на 20 откако Хрватска ќе го усвои еврото. Со него беа опфатени Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска, додека Данска има трајно изземање од обврската за воведување евро.

Првичниот извештај го оцени прогресот на Бугарија, Чешката Република, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска во процесот на пристапување кон еврозоната.

Хрватска во мај го одобри законот кој го поплочи патот за воведување на еврото како валута. Хрватска, која влезе во ЕУ во 2013 година, треба да ја замени хрватската куна со еврото на 1 јануари 2023 година. Конечната одлука за приклучувањето на Хрватска кон еврозоната ќе биде донесена на 12 јули, кога ќе се утврди и дефинитивниот курс по кој куните ќе се менуваат за евра.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,301FansLike
2,939FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ