16.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Мартиноска: децата не треба да ги оставиме да учат од грешки и погрешни извори, туку треба да се едуцираат

Деновиве сме сведоци на една бучава која се создава во јавноста и која со помош на деизнформативните наративи, влијае во креирање на погрешна перцепција за сексуалната едукација.

Ана Мартиноска е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка. Нејзиното знаење го искористивме за да помогнеме во „дешифрирање“ на одговорите на мошне значајни прашања поврзани со сексуалната едукација.

Дали сексот треба да биде табу-тема за младите?
Мартиноска Би сакала да ви речам дека ова е надмината тема, но за жал не е така. Реалноста се таква што сексуалноста е сè уште табу-тема, а не треба да биде така и тоа не само за младите, туку би рекла за сите генерации. Она што во последните неколку месеци ни се случува, тие дебати, во јавниот дискурс споменувањето на сексуалноста, ни покажува дека ние како општество сè уште го сметаме сексот за деликатна и табу-тема, на која не секогаш знаеме да се однесуваме соодветно, односно сè уште има голема стигма околу сексот, околу сексуалноста на луѓето. Се’уште има предрасуди, сè уште има погрешни информации околу тоа што е сексуалноста, а особено имаме проблем кога тоа се однесува на младите. Вистината е дека медиумите, популарната култура, ги учат многу младите за сексуалноста, точно е дека тие се можеби полиберални од претходните генерации, меѓутоа тоа истовремено ја носи опасноста од дезинформации, од избирање на точните информации од мноштвото на понудени, веродостојноста на информациите коишто тие ги имаат. Од тука верувам дека возрасните, ние родителите и образовниот систем сме тие коишто треба да им понудиме една здрава алтернатива во однос на таа табуизација.

Колку е важен отворениот разговор за тема секс на релација родител – млад човек?
Мартиноска  Во недостаток на неформално образование, родителот е веројатно најважната алка во тој ланец на доаѓање на вистинските информации до младите и нивната улога е навистина непроценлива. Но, ние повторно мораме да бидеме свесни дека родителите не секогаш се доволно компетентни, не се секогаш доволно отворени, ниту информирани, во многу семејства сè уште е проблем да се зборува за теми поврзани за сексуалноста и не можеме да дозволиме тие да бидат единствени едукатори на своите деца. Јас секако мислам дека родителите треба да зборуваат со своите деца за сексуалноста, со користење на тоа што децата секогаш ги интересира, односно да ја користат популарната култура.

Зошто е важно сеопфатното сексуално образование (CCO)?

Мартиноска Некои искуства од кај нас правени истражувања покажуваат дека кога децата ги прашале каде вие сте учеле за сексуалноста, велат дека учеле од некое другарче од класот, а на тоа каде ги добива тој тие информации, велат од постариот брат со кој гледаат порнофилмови. Тоа е она што треба да го избегнеме. Не може да оставиме децата да учат само преку грешки, преку погрешни извори. Треба да им понудиме едно образование коешто ќе отвори многу теми коишто за нив се навистина многу важни. Прашањето на сексуалноста е и прашање на родот, на идентитетот, прашање врзано со телесноста, со дискриминацијата, со родово базираното насилство, со сексуалното вознемирување, односно една низа на појави којшто се случуваат во секојдневието на младите луѓе, а за кој тие треба да бидат подготвени.

За Приказна

Ване Марковски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,400FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ