13.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
spot_img

Не можеш да го промениш светот, можеш да се промениш себеси

пишува: Маја Иванова Цеков, Коосновач на Our Mind

Веројатно е клише да се цитира Махатма Ганди, со „биди промената што сакаш да ја видиш во светот“, но во цитатот има една длабока порака, која ретко којзнае да ја препознае и примени. Кога ќе се спомне поракава, најголем дел од луѓето мислат дека треба да го променат светот. Дека треба да придонесат да нема глад на Земјата. Да го намалат криминалот и да има безбедно место за сите. И сите размислуваме за големи промени, климатски, економски, социјални итн. Но, она за што треба да зборуваме е промената на себеси и влијанието кое го оставаме на светот. Поточно „примерот“ кој го оставаме на светот околу нас, на нашите блиски, на нашите деца, на работното место, во нашата професија итн.

Во април годинава започна со работа првата платформа за личен раст и развој, Our Mind. Мотото на Our Mind е „Нашиот живот се нашите мисли“, затоа што сè започнува со една единствена мисла. Мислата иницира идеја, идејата иницира емоција, а емоцијата иницира подвиг. Целта на платформата е да ги поттикне младите повеќе да работат на личниот развој и да се грижат за своето ментално здравје, како неопходна, ако не и најважна алка во целокупното здравје. Можеби некој ќе помисли дека се трудиме да направиме промена во општеството, но ние се трудиме да направиме промена кај поединецот. Затоа што секоја промена започнува од секој еден од нас.

Просто е невозможно да се промени светот, а веројатно најголем дел од него и не сака да се промени, па затоа е подобро воопшто и да не се трудиме. Не можеме да направиме промена на светот, можеме да направиме само промена на себеси. Поточно, невозможно е да го промениме светот, барем не за ова време кое го нарекуваме живот, но она што можеме да го направиме за светот е да се однесуваме и придонесуваме онака како што би сакале да се однесуваат сите.

Искрено, никој од нас не се однесува така. А и ако сите се однесуваат како нас, тогаш веројатно би имале поголем проблем. Да замислиме само дека целиот свет е составен од луѓе како еден од нас. Истите добри и лоши страни, слабости и доблести, храброст и стравови.

Очигледно светот нема да постои ако нема разновидност. Ако нема различни карактери. Ако нема интриги. Ако нема „злобни“ луѓе. Ако нема „лоши“ случувања. Ако нема пандемија и ако нема вакцини и антиваксери. Ако нема влади и опозиции. Ако нема протести и антипротести. Ако нема мотиватори и критичари. Светот никогаш не бил „идеален“, ниту некогаш ќе биде. Поточно, тој секогаш е идеален. Затоа што функционира во рамнотежа. А ние сме само учесници во претставата. Да се откажеме од идејата дека треба да го промениме светот. Светот си функционира на свој начин. Она што можеме да го направиме е да станеме она што сметаме дека е најдобра верзија од нас самите. Да бидеме најдобри во работата што ја работиме. Да бидеме најдобри родители. Да бидеме најдобар партнер. Да бидеме најдоброто дете. Доколку не го даваме својот максимум, тоа е штета за светот.

И не зборуваме да бидеме најдобри во споредба со некој однадвор, туку да бидеме најдобри на самите себе. Затоа што нашиот пат не го оди никој друг. Да не се залажуваме, немаме конкуренција. Секој е сам на патот и се натпреварува само со себе.

Затоа, да почнеме да се развиваме. Да научиме сè што можеме. Да вложиме во личниот раст. Во својата кариера. Да научиме како да бидеме добри родители. Да најдеме начин да ги победиме своите стравови. Да најдеме начин да бидеме среќни во врската и семејството. Да го пронајдеме својот мир и исполнетост. Или накратко, да бидеме најдобрата верзија од себе. А на тој начин го правиме светот подобар.

Our Mind, организира предавања и обуки за личен раст и развој, а како најголем настан е Самитот за личен раст и развој, каде учество ќе земат девет наши психолози и двајца гости, кои се залагаат за промоција на менталното здравје. Самитот трае пет дена, почнувајќи од 5ти октомври.

Да почнеме да работиме на себе.

За Приказна,

Маја Иванова Цеков

Коосновач на Our Mind

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,280FansLike
2,917FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ