16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

Малаксаност и причини за негова појава

Малаксаноста е честа појава во секојдневието на луѓето. Таа се јавува како нормална реакција на организмот од секојдневните работи и процеси, но честопати може да претставува и симптом за разни болести и состојби.

Што е малаксаност?

Малаксаноста е состојба на организмот кога постои недостаток на енергија или сила. Се јавува умор, поспаност, замор во текот на извршување и на најосновните работи. Лицата најчесто го опишуваат како состојба на губење на здив, отежнато качување по скали и вршење на секојдневните животни функции. Малаксаноста може да биде пропратена и со телесни симптоми како бледило, забрзано работење на срцето, низок притисок.

Кои се најчести причини на малаксаноста и од што зависи таа?

Најчесто таа се појавува по некоја тешка физичка или психичка работа, изложеност на голема топлина, консумирање на лекови или супстанции, обилни менструални циклуси, консумирање на обилни оброци, дебелина, недостаток на сон, консумирање алкохол и сл.

Важно е да се потенцира дека овој тип на малаксаност поминува сам од себе, во оној момент кога животни навики ќе се променат, а организмот ќе закрепне и ќе ја надомести изгубената енергија.

Патолошкиот тип на малаксаност кој претставува знак за некоја болест најчесто настанува како последица на:

  • Некои новонастанати болести или состојби,
  • Влошување на некои претходни болести,
  • Последица на некое психолошко нарушување,
  • Комбинација на психолошка и физичка состојба на организмот.

Болести кои можат да доведат со малаксаност:

  • Анемија
  • Срцева слабост
  • Аритмија
  • Инфаркт или ангина
  • Нарушување на хормоните
  • Пореметување на менструалниот циклус кој доведува до обилно крвавење
  • Болести на белите дробови или која било друга ситуација која доведува до намалување на концентрација на кислород во крвта
  • Тумор
  • Депресија или друго психолошко нарушување
  • Хронично нарушување на сонот
  • Болести на жолчка
  • Зарази или покачена температура

Разлика помеѓу нормална  и патолошка малаксаност:

Како настанала малаксаноста, дали нагло или постепено, како и дали имате некои тешкотии, пример болки во стомак?

Наглата малаксаност значи дека нешто моментално делувало на организмот. Доколку нема некои тешкотии во вид на главоболки, болки во стомак, тогаш веројатно е знак за состојба која поминува и е резултат на умор, па затоа е неопходен одмор, храна и вода. Доколку малаксаноста е пропратена со некои тешкотии и не поминува по одморот, подобро е да се консултирате со лекар.

Дали малаксаноста трае подолг временски период или поминува сама од себе?

Малаксаноста која трае подолг период и не поминува сама од себе, може да биде знак за некое заболување.

Дали малаксаноста преминува во некои специфични животни активности како што се спиење, одмор, консумирање вода или храна?

Ако сте забележале дека слабоста исчезнува кога одмарате, пиете вода или избегнувате топлина, тогаш тоа веројатно е поврзано со вашите животни навики, работата што ја работите, односно како се однесувате кон вашето тело и здравје.

Секоја болест која го ограничува нормалното функционирање е причина за детален преглед од страна на лекар.

Каква е вашата психичка состојба, дали е можно недостатокот на енергија, намалената волја за живот и секојдневното функционирање да е поврзано со депресија или некоја друга ментална болест?

Депресијата, недостатокот на волја за живот или некое друго психолошко нарушување или стрес, исто така може да доведе до малаксаност. Во овој случај, покрај прегледот и испитувањата важно е да се посети психијатар.

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ