16.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Кузман Кузмановски: Кога сме под стрес, тогаш сме агресивни, се повредуваме себеси и другите околу нас

Стресот е реакција со која нашиот мозок и тело одговараат на одредени ситуации. Било каков вид на настан, без разлика дали е позитивен или негативен може да предизвика стрес.

Кога сме под стрес, тогаш сме агресивни, се повредуваме себеси и другите околу нас, вели за Приказна Кузман Кузмановски, јога инструктор. Во денешно време сите сме во брзање и работиме под притисок. Тоа е одлично бидејќи така сме попродуктивни. Но проблемот се јавува кога ќе се појават емоциите, односно кога ќе помислиме дека не сме доволно добри за тоа или кога не можеме да завршиме одредена работа. Тогаш се јавува тензијата, а со тоа и стресот, смета Кузман.

Многу луѓе ширум светот денот го започнуваат со вежбање на јога. Бројни истражувања укажуваат дека оваа активност е најдобар тренинг бидејќи го чува здравјето на срцето и ослободува од стрес.

Според Кузман, јогата ни нуди повеќе начини како да се справиме со стресот. Еден од начините е дишењето или уште попознат како пронајама. Кога сме под стрес, дишеме многу брзо и плитко, а всушност потребно е дишењето да биде длабоко, долго и бавно. Тоа носи релаксација и го ослободува стресот, додава Кузмановски.

Медитацијата и јога физичките вежби, покрај правилното дишење, можат да бидат корисни во управувањето на стресот. Длабокото и свесно дишење, медитацијата и физичките вежби или како што ги нарекуваат во јога светот „светото тројство“, се формулата за борба со секојдневните стресни ситуации.

Медитацијата прави чуда. Тензијата и стресот создаваат болести, додека медитацијата го релаксира и лекува телото, вели Кузман. Физичките вежби или асаните сè уште еден начин за справување со стресот. Познато е дека стресот се таложи во одредени делови од телото, вратот, колковите или грбот, а со асаните се истегнува фацијата, длабокото ткиво на телото каде се наталожени спазмите и грчевите од телото, и на тој начин се ослободува телото од стрес.

Документарен магазин Приказна на тема стрес

Во справувањето со стресот најдобро е да се практикуваат сите три начини заедно, но може и посебно во зависност од дадената ситуација, укажува Кузмановски.

Доколку сте мотивирани да работите на полето на сопствениот ментален и физички напредок и да се ослободите од секојдневниот стрес, тогаш јогата е одлична препорака.

За Приказна

Ване Марковски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,400FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ