Од источен Париз до светски познат бренд за неверојатни чевли. Кристијан Лобутин веќе 29 години е еден од најпознатите светски дизајнери на чевли. Тој во неговото интервју за CNN го раскажува своето патување. „Во мојата кариера никогаш немав поставено конкретен план и верувам дека секој има свој специфично патување. Мојот совет е уживајте во авантурите. Не постои еден конкретен начин да ја постигнете целта.„ раскажува Кристијан.

Неговото искуство започнало на многу мала возраст. „Кога си млад твојата имагинација ти дозволува да леташ подалеку од себе си, тоа е нешто што никој не може да ти го одземе. Цел мој живот ме интересираа други култури и цивилизации, се поврзував со земји кои не беа мои, со егзотична храна и култури. Едно од поголемите влијанија во моето детство беше „Palais de la Porte Dorée„ музејот кој се наоѓаше на крајот на мојата улица. Ова место ја хранеше мојата имагинација, раскажува Кристијан.
Со дизајнирањето чевли започнал уште како дете, и неговите први обиди биле инспирирани од љубовта кон шоу танчерките (анг.Showgirls). Овие девојки го потсетувале на егзотични птици во рајот. Единствено нешто што би можел да им даде на птиците, а тие го немаат се чевли. Но , неговата кариера како дизајнер речиси завршила уште пред да почне. На 23 годишна возраст тој започнува да работи како десна рака на дизајнерот на чевли Роџер Вивер. По работата на неговата изложба, Кристијан верувал дека нема никогаш повеќе да дизајнира чевли, бидејќи не сакал да работи за друг повеќе. Со дизајнирањето чевли завршил во неговите рани 20-ти.

По извесен период, на една случајна средба со сопственикот на една продавница во Galerie Véro-dodat, каде Кристијан сака да купи една ламба која не била за продавање, неговата упорност да ја купи таа ламба, го тера сопственикот Ерик да му понуди една продавница на Кристијан во Галеријата. Тој верувал дека тоа е совршеното место за враќање на дизајнирањето чевли.
Така ја започнува компанијата Лобутин, не замислувајќи дека еден ден ќе раководи со светски бренд под свое име. „Мојата кариера ми овозможи да патувам низ светот, а понекогаш и моите случајни средби влијаеја на мојата дизајнерска работа.“ вели Кристијан.
