26.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024
spot_img

Конференција за женско лидерство ипремостување на родовиот јаз во М6 Едукативен центар

Како родовата еднаквост и промовирање на женското лидерство може да донесе
забрзан развој во општествениот и бизнис секторот?
Кoлку секој поединец, вклучително и мажите треба да бидат дел од ова движење за
навистина да се постигне родова еднаквост?
Дали начинот на воспитување на младите води кон градење на индивидуи кои
размислуваат и ќе делуваат надвор од стереотипите за родовите улоги?
Ова се дел од прашањата кои ќе се дискутираат на конференцијата “Женско лидерство
– време е да скрши ‘стаклениот покрив’ преку премостување на родовиот јаз”, која ќе
се одржи на 21.12.2023 г. во М6 Едукативниот центар.


Настанот ќе креира единствена можност за инспиративни говори, панели и дискусии
од страна на претставници од институциите, од дипломатскиот кор во земјава,
личности кои се вклучени во креирање на општествените политики, претставници на
бизнис секторот и младинските организации. Говорниците, подеднакво мажи, жени и
млади лица, ќе дискутираат од различен аспект – како општеството и како секој пол и
генерација ги третираат прашањата за родовата еднаквост.
За сите овие прашања ќе се понудат решенија како да се премости тој јаз кој постои и
како да се воспитуваат младите со цел новите генерации, рамноправно да градат
поперспективна иднина заедно.


Конференцијата “Женско лидерство – време е да скрши ‘стаклениот покрив’ преку
премостување на родовиот јаз”, е дел од платформата Step Forward на М6
Едукативниот центар, преку која се адресираат разновидни, важни општествени теми и се испраќаат моќни пораки до сите засегнати страни, a се креираат и тренинг програми наменети за развој на компаниите и индивидуите. Овој настан е вовед во новите тренинг програми во М6, кои имаат за цел развој на ESG филозофија на работење во секоја организација.


Во оваа насока работи и М6 и со таа цел, присуството на конференцијата ќе биде со
симболична котизација, а собраните средства ќе се донираат за децата и младите згрижени во СОС Детско Село, што му дава на настанот и хуманитарен карактер. Поради ограничениот број на места, конференцијата ќе може да се следи и онлајн.

Регистрацијата за присуство може да се направи тука.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,513FansLike
3,140FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ