14.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Кои родителски однесувања оставаат последици кај децата

Родителството е најголем предизвик за сите. Најубавата,  но воедно и најодговорната задача. Настојувајќи да бидеме најдобрата верзија од нашите родители, честопати одредени однесувања и грешки можат да предизвикаат одредени последици врз психата на децата како што е ниската самопочит, ниска самодоверба, фобии и стравови кои ќе ги следат цел живот.

Христина Стефановска, психолог

Релацијата родител – дете почнува да се формира веднаш при самото зачнување на детето, иако некои истражувања покажуваат дека односот почнува да се гради и многу порано, односно тука станува збор за перцепцијата и убедувањето на родителот во однос на родителството, иако не може да се исклучи моментот дека кога ќе се роди детето, многу од тие ставови може да се сменат или моделираат, вели за Приказна Христина Стефановска, психолог за деца и адолесцент.

Некои грешки кои родителите најчесто ги прават, а можат да имаат лоши последици по децата се:

1.       Искривена перцепција за реалноста, односно негирање на ситуации кои реално се случиле. Ваквите ситуации децата ги доведуваат да се сомневаат во себе и во својата перцепција на реалноста. Овој пристап овозможува родителот да ја има контролата над детето, бидејќи неговиот збор добива поголема тежина од уверувањето и искуството на детето.

2.       Користење на навредливи зборови. Навредите влијаат на компетентноста и чувството на вредност. Децата, поради ваквото однесување на родителот може да завршат во емоционално насилни врски, поради фактот што веруваат дека тоа го заслужуваат. Токму и затоа мора внимателно да се избираат зборови кои се кажуваат пред децата.

3.       Викање. Викањето може да биде првиот знак на емоционално насилство. Родителот кој вика, во принцип има поголема моќ и може да детето да му наметне голем страв. Викањето не е комуникација. Викањето го руши авторитетот. Кога родителот го повишува тонот, детето се учи дека тоа е начинот да се добие послушност, внимание и почит. Со викање детето се замолчува, но не само во тој момент, туку и во секој нареден во иднина, кога можеби ќе биде потребно да зборува и да има свој став.

4.       Излив на бес. Непредвивената лутина кај родителите може да биде шокантна за децата и да доведе до страв и несигурност кога родителот е во нивно присуство. Оваа постапка создава страв и фрустрација кај детето и има долгорочни последици, особено ако често се повторува.

Според Христина Стефановска, треба да имаме визија што е тоа што сакаме да го постигнеме во родителството. Треба да зрачиме со некоја психолошка моќ. Детето бара инспиративен родител, способен родител којшто ќе зрачи со родителска самоувереност. Обидете се да му искажете благодарност на детето, секогаш кога ќе го заслужи тоа. Изразувањето на благодарност кон детето е еден чинител којшто ја поттикнува почитта. Пофалете го. Упатување на пофалби и награди кога сакаме да изразиме некаква восхит кон детето, за нешто што сторило. Бидете доследни на тоа што зборуваме. Детето сака доследен родител.

Родителството не е вродено, се учи цел живот. Да научиме да бидеме подобри родители за нашите деца да израснат во самостојни и самоуверени личности, без фрустрации и стравови.

Целосно видео од емисијата посветена на родителство и воспитување

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ