9.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Како изгледа првиот час на новороденчето?

Дали некогаш сте се запрашале што се случува во првиот час откако бебето ќе дојде на овој свет?

Шведски научници внимателно набљудувале 28 бебиња, за да ги забележат промените низ кои поминуваат бебињата на почетокот од својот живот. Ова истражување објавено во магазинот „Acta Pediatrica“ покажало како новороденчињата се однесуваат инстиктивно, кога се препуштени на своите први слободни движења на телата и контактот со мајката.

·         Раѓање: Бебето плаче гласно, со што на тој начин ги става во функција своите бели дробови

·         2 минута: Бебето се смирува, одмара- доколку е можно тоа го прави на градите на својата мајка.

·         2,5 минута: Бебето ги отвара очите прв пат и постепено почнува да ја движи главата и усните.

·         8 минута: Бебето станува активно, ги задржува очите подолго отворени. Ги истражува мајчините очи и гради, покажува дека е гладно со плач, насочувајќи ги рачињата кон устата.

·         18 минута: Бебето после овие движења повторно се одмара.

·         36 минута: Бебето почнува да го употребува своето чувство за мирис, сè уште е заинтересирано за мајчините гради.

·         62 минута: Време е за првото доење. Бебето го пие колострумот – првото мајчино млеко, кое содржи бројни хранливи вредности кои го подобруваат нивниот имунитет.

·         70 минута: Бебето тоне во сон и го добива заслужениот одмор.

Ова истражување е спроведено на мал примерок од бебиња во Шведска, каде бебињата при раѓање имаат можност да се одморат на градите на мајката и да уживаат во нејзиното прво млеко, што не е привилегија за новороденчињата ширум светот.

Сепак, овие резултати се сметаат за сигурен показател за инстинктивното однесување на најмладите. Авторите на истражувањето истакнуваат дека времето варира од бебе до бебе, а споменатите минути се истакнати како просечни вредности.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,820FansLike
1,515FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ