16.8 C
Skopje
Saturday, August 13, 2022
spot_img

Инспиративната приказна Семпервел: Вегетативен модул на екстензивни кровни градини и кај нас

Неколкугодишната идеја за инстант вегетативни модули за екстензивни кровни градини, благодарение на поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР, една македонска компанија успеа да ја претвори во реалност. Тие го реализираат иновативниот индустриски дизајн чие комерцијално име е Семпервел.

Вегетативниот модул Семпервел од пред една година е веќе во завршна фаза, значи сега е веќе до одгледуван и оваа година е спремен за комерцијализација и веќе пред 20 дена го изработивме првиот објект, првата кровна градина со него, вели Самарџиев Ѓорѓи – сопственикот на градинарскиот центар Фоја, која го реализира овој проект.

Градинарскиот центар ФОЈА е компанија со долгогодишно искуство во доменот на хортикултурата. Следејќи ги светските трендови, се обидува иновативните решенија од оваа област да ги пренесе и кај нас.

Озеленување со инстант вегетативни модули за екстензивни кровни градини не е новина во светот. Но, кај нас сè уште е недоволно распространет.

Тоа не е дека ние го измисливме овој производ, вели Самарџиев Ѓорѓи. Тој додава: овој производ во Америка и Европа за првпат, се појави пред 10 години, но е во фаза на доразвивање и како таков е новитет на Балканот и Југоисточна Европа. Тоа што е добра страна кај него, е што самиот дизајн на модулот овозможува негова лесна и брза монтажа на објектите, во исто време вклучува и лесен и брз транспорт.

Ние сме сведоци сме на густо и покомпресирано изникнување на нови зданија, некој начин зелениот простор, пред наши очи исчезнува, па како најмала компензација којашто може и би требало да биде озаконета е сите нови покриви на новите зданија да имаат зелени покриви, вели Ѓорѓи.

Според Самарџиев, само 1000 м2 зелена површина во едно маало во време на интензивни врнежи од дожд, само за неколку часа може да ја оптоварат канализацијата со 30.000 до 50.000 литри вода. Доколку тие покриви бидат зелени, 30-40% таа вода ќе се задржи во самите зеленила, а преостанатиот дел во наредните 24 часа, намалено ќе се слева и нема да дозволиме прелевање во одводната канализациска мрежа, вели Самарџиев.

Сведоци сме дека од година во година, сите поголеми дождови предизвикуваат некакви поплави на улиците, многу од тие олуци се свртени и завршуваат во канализација, така што само еден проблем со поплавувањето ќе биде решен. Покрај оваа придобивка, заштедата на енергија, во зависност од типот на објектот само со зеленилото на покривот, може да се движи од 1-10% за греење или ладење, додава Ѓорѓи.

Глобална идеја е екстензивните кровни градини да бидат физички, материјално и технички подостапни. Масовно да се проектираат и изведуваат, бидејќи ефектите од нив се многу корисни не само за сопствениците, туку и за сите нас, за целата заедница.

Прочистувањето на воздухот, развојот на биодиверзитетот како поволно место и средина за инсекти, птици итн., зголемена вредност на објектите се само дел од придобивките кои ги носат ваквите проекти, вели Самарџиев.

Документарниот магазин Приказна на тема хортикултура и градинарство

Автор Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,541FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ