-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023
spot_img

Избери љубов и почит, наместо омраза и навреди

СП во Катар исфрли на површина многу дилеми и пораки. Мене лично, највпечатливи ми беа пораките на Јапонците, кои дефинитивно покажаа едно ново ниво на разум и човечност, такво на кое ние од останатиот дел на светот, некако малку како да не сме навикнати. Нивната култура дефинитивно е за восхит,  а ако не ја споделиме, ќе немаме прилика да добиеме нова насока, кон која би било пожелно да се движиме.

Јапонската публика во воведните натпревари, воодушеви со тоа што чистеше ѓубре и ги почитуваше туѓите знамиња. Завршницата за нив, не беше поразлична. Сакам да верувам дека никој не остана рамнодушен на  гестот на селекторот на јапонската репрезентација Хаџиме Моријасу, кога тој по поразот на Јапонија од Хрватска во Катар, им се поклони на навивачите кои патуваа долг пат за да ја бодрат репрезентацијата.

Ова сигурно не се единствените работи кои ни паѓаат во очи, кога станува збор за Јапонците. И да, тоа секако не е случајно. Бројни испитувања за човековата интелигенција, како на пример оваа  на „Ворлд попјулејшн ривју“, Јапонија ја издигнуваат на првата позиција како земја со највисока интелигенција во светски рамки. Имено  Јапонија има просечен коефициент на интелигенција од 106,48. Овој показател ми се чини репрезентативна слика за нивото на одговорност кое тие го имаат.

Паралелно со оваа слика, би сакала да претставам уште една. Нашата. Многу си ја сакам земјава. И тука имаме брилијантни умови со кои дефинитивно може да се гордееме. Но, имаме и едно друго огледало во кое постојано се појавува една слика, за која избегнувам да употребам соодветен израз, со цел да не бидам како нив и да вклучам говор во кој силно вреска омразата. За жал, не станува збор за изолирана ситуација, туку за пречеста слика која социјалните мрежи на Македонците ги прави мегдан за стрелање. Сите имаат стручно познавање од секоја област, а најтажно од сè е што во своите коментари скоро без исклучок, вклучуваат силна доза на омрази, навреди, клевети.  Секој сака да каже сè што му лежи на душа, без притоа да не одговара за последиците од изнесените навреди, дискредитација, уништен нечиј углед…Момчето од Градско, охриѓанката која почина во странство… ова е само дел од она што сликовито не опишува нас. За жал, ова  не се изолирани случаи. Истражувањето на Аналитика покажува алармантно ниво на насилство, присутно кај младите во нашата земја.

Ова македонско огледало е одговорот кој укажува зошто е толкав бројот на семејно и родово базирано насилство. Нашето општество има неодложна потреба од помирување, тон на прифаќање на различните од нас и нивно почитување. Тонот на омраза мора да замолкне. Итно ни е потребно културно издигнување и описменување. Речникот на политичарите има многу важна улога, бидејќи се чини дека со него се отвори вратата на омразата. Ништо помалку важна улога немаат ни медиумите, каде итно се неопходни образовни, документарни и издржани емисии со кои сигурно ќе може да се изврши одредено влијание врз јавноста. И секако, најважно е да сфатиме дека сите ние имаме одговорна улога кога говориме во јавниот простор, кој секако ги вклучува и социјалните мрежи. Сите имаат право да се согласуваат или не, но никој нема право на навреди, клевети, омаловажување и омраза кон личните избори на другите, без разлика дали ги познаваме или не. Да научиме да прифаќаме и почитуваме. Немаме право да бараме другите да бидат како нас, ниту слобода за навреди и омраза кога другите не се како нас или мислат различно. Сите имаме свои права и слободи, кои мора да ги почитуваме без исклучок

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,896FansLike
1,528FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ