6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Првата дигитална библиотека Бокси поттикнува читачки навики кај најмладите

Читањето може да биде добра алатка за зближување во воспитните тактики на родителите. Денес живееме во дигитално време, па се чини дека аудио читањето се почесто го презема приматот пред читањето книги во хартиена форма. Но, она што е важно е дека убаво е дружењето со книгите да се прави комбинирано родител дете, со цел да се создаде една убава врска. Бокси е првата детска апликација во Македонија за читање и слушање книги, или како што ја претставуваат нејзините создавачи, првата дигитална библиотека која на иновативен начин ги спојува читањето и играњето. За Бокси, разговараме со Димитар Најденов и Сања Арсова

Бокси беше формирана со цел да се доближи светот на книгите до дечињата. Гледаме дека дигиталниот свет ни е тука, колку и да одбиваме да влеземе во него, нема назад. Ние сме таму. Затоа решивме да ја направиме бокси, една од поубавите работи која и се случила на Македонија. Дигитални книги кои можат да ги читаат и слушаат секаде, и кај баба и дедо, дома, на училиште, на одмор, вели Сања Арсова, менаџер и координатор на проектот.

Сања Арсова, менаџер и координатор на проектот Бокси

Апликацијата е наменета за деца од 3 до 14 години.

Димитар кој е основач на проектот, во последно време гелдаме како децата растат, растат во овој дигитален свет и цело време се на телефони, играат игри и прават непродуктивни работи. Читањето, она што е најважно, го занемаруваат. Така дојдовме до идеја, да ги вратиме книгите на местото каде што се сега и нашите деца. Така дојде нашата идеја за Бокси. Во истиот момент сфативме дека тоа не е доволно, не е интересно за нив. Тие сакаат нешто поинтересно, поинтерактивно, па се обидовме и успеавме на креативен начин да ги претставиме креативите на една дигитална мобилна апликација со гемификација, со надеж дека ќе бидат мотивирани тоа да го прават почесто, додава Димитар.

Димитар Најденов, основач на проектот Бокси

Ние пробувавме да најдеме еден свет каде гејмификацијата и читањето ќе ги ставиме заедно, затоа што знаеме дека на детето му треба мотивација, надополнува Сања. Секое дете сака да биде мотивирано. Во самата апликација ставивме аватарчиња кои се уникатни за секое дете, а со читање на секоја книга добиваат парички или поени. Со тие парички можат да го уредуваат аватарот. Самата гејмификација го направи тој бум, кој го очекувавме. На децата многу им е интересно кога се грижат за нешто. Имаат милениче, што тие сами го направиле и можат да му купуваат разни додатоци, аксесоари, но за да го направат тоа потребно е да прочитаат книга, додава Арсова.

Искуствата со овој модел кој е успешно применет на нордискиот пазар, покажуваат подобрување на читачките навики на најмладите. Апликацијата е направена за да го разубавува светот на младите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето.

Ние видовме дека децата секако сакаат да поминуваат време на телефон. Она што ние го знаевме е дека ова време поминато со Бокси, ќе биде корисно време на телефон и родителите конечно имаат опција да кажат дека е во ред децата да бидат на телефон, но тоа време ќе биде време за читање книга. Делот што не го предвидовме, а се случи, имавме многу позитивни реакции од родители кои кажуваат дека трет ден сликовницата не е скината, уште е тука, вели Сања. Таа е секогаш нова и никогаш не е изгубена. Од наставниците имаме позитивен фидбек затоа што им го леснува секојдневието. Не може една наставничка да знае каква библиотека имаат децата дома. Со Бокси, знае. Имаме над 250 наслови, блиску сме до 300. Многу е интересно, Бокси ја презентиравме во неколку училишта и ја прифатија со отворени раце, додава Арсова.

Гледајќи на улица кога ќе излеземе, сите деца се на телефон, ја надополнува Димитар. Сакавте тоа барем да го направиме корисно. Читањето е корисна работа. На родителите им помагаме со тоа што нема потреба да се оптоваруваат со бирање на книги, бидејќи ги имаме скоро сите книги кои се за деца. Друго што е важно, немаме никакви реклами, што значи седењето на таа апликација е безбедно. Никој не треба да се вознемирува дали ќе излазат некакви реклами за некои работи кои не се добри за децата. Така што, се обидовме да направиме една околина за читање и уживање за децата и родителите, смета Димитар.

Преку стотици е-книги и аудиокниги достапни на македонски, англиски и албански јазик, апликацијата прави креативен спој помеѓу учењето и забавата за децата уште од најмлада возраст од 3 па се до 16 години.

Има разноликост. Веќе сме партнери со 14 издавачки куќи, вели Сања. Тие сами по себе се различни, се разликуваат во стилот на книгите кои ги имаат издадено. Имаат авантури, пријателство, спортски книги, едукативни книги, книги за повозрасни деца, имаме книги и за најмалечките како Стела и Сани, Биби и Боби, многу наслови од кои можат да бираат. Набрзо, ќе ја збогатиме библиотеката и со квизови каде што ќе може да се собираат поени со одговарање на прашање. Не само што ќе се забавуваат, туку и ќе учат, факти за светот, додава Сања.

Вакви дигитални апликации има скоро насекаде во светот. Бокси стартуваше во Шведска. Ние таму веќе постоиме 2 години. Тамошната реакција беше иста како и кај нас. Луѓето се радуваат на убави апликации и на избор. Имаме мал проблем со правата на електронските книги, издавачките куќи не секогаш ги имаат и правата на електронските книги. Во Шведска тоа не е проблем, таму дигиталниот свет има заземено поголем замав. Во Шведска броиме над 20.000 наслови, споделува за Приказна, Сања Арсова.

Документарен магазин Приказна

Македонската детска литература сега ќе е на дофат на децата, збогатена со многу забавни содржини и можности. Со тоа ќе им се овозможи на децата да градат подобри односи со книгите и да стекнат корисни навики.

Според сите истражувања, докажано е дека човек или дете што редовно чита, го намалува стресот за 68%, а тоа е многу. Ние живееме во една стресна заедница и ни треба едно вакво нешто. На секое дете му треба 5-10 минути за мало опуштање и релаксација. Човек што чита е паметен човек. Вокабуларот се зголемува, вели Арсова.

Во поглед на очекувањата, почнавме со Бокси кидс, планираме од јануари да стартуваме и со Бокси фамилија. Сакаме во Македонија да направиме една читачка фамилија, убава навика и сите да имаат време за книга, додава Сања.

Димитар сподели дека нивните очекувања се големи. Во моментов само што лансиравме во Македонија, додава тој. Имаме многу добар одзив, особено од самите читатели, од децата, но исто така видовме дека и многу родители го ценат тоа што го правиме. Многу интересна работа е што луѓето од дијаспората ја ценат оваа иницијатива, бидејќи тие не можат да најдат книги на македонски јазик. Сакаме да го освоиме Балканот и да го направиме место за цела фамилија.

Од родителите особено реакциите се доста добри. Комуникацијата со децата е олеснета. Добра работа е што имаме и аудиокниги што помалите деца што не можат да читаа, можат да слушаат. Исто така добивме многу позитивни реакции и од наставниците, додава Димитар.

Ване Маркоски

Бранка Чочкова

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,097FansLike
2,009FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ