-5.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022
spot_img

ИНТЕРВЈУ Ива Пројковска: жените во спортот мора повеќе да се докажуваат

Ива Пројковска е интернационален фудбалски судија. Таа е првата интернационална ФИФА-судијка од Македонија, која освен на натпревари од домашните првенства ја дели спортската правда и на многу меѓународни натпревари. Спорот секогаш бил дел од нејзиниот живот, па иако одбрала образование во друга сфера, сепак изборот за градење професионална кариера е токму на спортски терен.

Приказна Дали жените во спортот треба да се докажуваат повеќе од нивните машки колеги?

Пројковска Секогаш треба да се докажуваме. Менталитетот кај нас е таков каков што е. Кога ќе се појавиме на терен, женски судии, не гледаат скептично, особено тренерите и играчите, а што се однесува до колегите – морам да признаам дека сме одлично прифатени. Сепак, чекор по чекор времињата се менуваат и ја стекнуваме довербата како жени – судијки. Некогаш се случува и некои клубови да нè бараат токму нас, како пореални.

Приказна Какви се правилата, кој може да биде судија?

Пројковска За да се стане судија прво треба да се поминат одредени тестови, имаме правила на фудбалската игра и физички норми, по што се добива привремената категорија судија, потоа е постојаната категорија, имаме трета, втора, прва и републичка категорија што се однесува за Македонија. Потоа, кога ќе бидеме предложени од македонската Федерација во УЕФА, таму нè прифаќаат на нивната листа и таму повторно се полагаат тестови, правила на фудбалската игра, англиски јазик, физички норми, по што се стекнува трета категорија и потоа со тек на времето, како што напредуваме добиваме втора, прва и на крај елитна категорија. Јас моментално сум прва категорија и се борам да ја достигнам последната – елитна категорија на судија.

Приказна посветена на фудбалот

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,060FansLike
1,315FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ