Дома Најнови Златко Левков: Ефектите од климатските промени врз Преспанското Езеро или Дојранското Езеро...

Златко Левков: Ефектите од климатските промени врз Преспанското Езеро или Дојранското Езеро ќе бидат драматични

Водните ресурси во Република Македонија се чувствителни на климатските промени и во однос на квантитетот и квалитетот. Вкупните просечни врнежи се очекува да се намалат за 8% во 2075 и за 13% во 2100 година. Намалувањето на достапните површински води за реката Вардар се оценува на 7,6% во 2025 и на 18,2% во 2100 година, а за Брегалница на 10% во 2025 и 23,8% во 2100 година. Постојано ќе се намалува и полнењето на подземните води во речниот слив на Вардар, и во 2100 година ќе има околу 57,6% од сегашното ниво. Како заклучок, генералната достапност на водата во Република Македонија се очекува да се намали за 18% во 2100 година

Според Златко Левков – редовен професор на Институтот за биологија при УКИМ, високопланинските води, езерата на планините како Шара, Јабланица, Јакупица, кои генерално се хранат преку врнежи од дожд, кај нив нивото на водата ќе се намали и автоматски тоа ќе значи дека ќе преминуваат кон копнени води и постепено ќе одат кон изумирање. Генерално кажано, вели професорот Левков, се очекува да има значителни промени, првенствено во квантитетот на водата, а таа промена неминовно ќе доведе и во промена на квалитетот на водата. Различните водни еко-системи во Македонија ќе реагираат на различен начин. Реакцијата на Охридското Езеро, кое се смета за едно од најстарите езера, ќе биде релативно помала за разлика од таа на Преспанското Езеро или Дојранското Езеро. Ефектите од климатските промени врз овие две езера ќе бидат многу подраматични. Таквите езера се очекува да преминат во блатни еко-системи, односно со текот на времето тие езера може и да исчезнат. Мора да се спомене, ако почне да исчезнува Преспанското Езеро, тоа ќе се одрази и врз состојбата на Охридското Езеро, укажува Левков.

Намалувањето на достапните површински води за реката Вардар се оценува на 7,6% во 2025 и на 18,2% во 2100 година, а за Брегалница на 10% во 2025 и 23,8% во 2100 година. Постојано ќе се намалува и полнењето на подземните води во речниот слив на Вардар, и во 2100 година ќе има околу 57,6% од сегашното ниво. Како заклучок, генералната достапност на водата во Република Македонија се очекува да се намали за 18% во 2100 година. Климатските промени мора да бидат сфатени како сериозна закана по животната средина, здравјето и благосостојбата на луѓето, достапноста на природните ресурси и храна, економијата, изградената инфраструктура и квалитетот на животот.

Документарен магазн Приказна посветен на климатските промени

„Сметам дека немаме доволно едукација и доволно информации и особено луѓето што се директно вклучени во производството на храна и да кажеме шумарскиот сектор и секторот за води немаат информации за климатските промени. Веројатно, тоа е резултат на недостатокот на волја да се разговара за овие проблеми, повторно од аспект на тоа дека ефектите од климатските промени се долгорочни. Дури и сега да се обидеме да направиме некакви промени, ефектите ќе бидат видливи по едно извесно време, не веднаш. Затоа, час поскоро, неопходно е да се започне со таква едукација на секое ниво, од претшколска возраст, па сè до администрацијата која условно речено е вклучена во справувањето со овие предизвици и проблеми.Ефектите од климатските промени се очекува во Македонија во следните 50 до 100 години да бидат помалку драматични“, укажува редовниот професор на Институтот за биологија при УКИМ, Златко Левков.

За Приказна

Ване Маркоски

Exit mobile version