15.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022
spot_img

Зарина Првасевда со концертна промоција на својот прв албум “ЕХО”

На 15ти Април со почеток во 20 ч., во Македонската Филхармонија, Зарина Првасевда ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО“ кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records.

” Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми, со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себеси, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 Април! “, вели Зарина.

11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани, се дел од албумот на Зарина, кој е отпеан на: македонски, албански, турски, српски и бугарски.

Зарина на коцертот ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир.

Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ