4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Емилија Петреска Камењарова: Да го избегнеме медиумскиот пристап во кој девојчињата се убави принцези, а момчињата херои

Жената речиси секогаш се идентификува со домот и семејството, а мажот со управувањето и раководењето. Вака изградените стереотипи и недостатокот на жени во политиката со кои би се идентификувале жените обично ги обесхрабрува во желбата на рушење на овој волшебен круг. Па така се создава состојба во која грешката на мажот е грешка направена од одредена личност која се повикува со име и презиме, додека грешката на една жена се идентификува како грешка на сите жени. Ова е неопходно да се смени со писменост од најмали нозе. За овие аспекти при портретирањето на жените во медиумите, разговараме со м-р Емилија Петреска Камењарова, помошник раководител во АВМУ

Кои се најчестите стереотипи, сексизам и родова дискриминација на медиумите кога пренесуваат жени?

Емилија Петреска Камењарова Има повеќе, но два се најзастапени. Едниот стереотип е претставувањето на жените преку нивната традиционално патријархална улога на жена, мајка, домаќинка, онаа којашто се грижи примарно за домот. Ова во нашите истражувања се појавило обично кога имало прилози за празници, и тогаш нема некоја алтернатива приказна како семејно се подготвуваат за празникот, туку секогаш е како домаќинката се подготвува за празникот. Исто така се појавува во интервјуа каде се претставуваат жени кои се успешни во својата кариера, каде редовно им се поставува прашањето како го усогласувате вашиот приватен со вашиот деловен живот. Како мажите да не се наоѓаат во таа ситуација, да треба да жонглираат со повеќе функции и улоги наеднаш.

Другиот стереотип е митот за женската убавина. Од жените секогаш се очекува да бидат повитки, помлади, постојано им се сервира приказната дека тие не се таа вистинска личност која се, туку дека таа е некаде под нивната кожа и треба само да купат одреден производ или да искористат одредена услуга за слабеење, за да го достигнат тој всушност недостижен идеал, и да станат таа „вистинската јас“. Со тоа всушност на жените им се праќа порака дека не се доволни никогаш. Без оглед колку се успешни, без оглед колку добро ја прават онаа работа која ја прават … Тие никогаш некако не успеваат да достигнат некој критериум за успешност и доволност.

Сексуализирани прикажувања на жените имаме особено во забавните емисии, особено оние кои се посветени на модата, на изгледот, па дури се оди и до груби коментари кои преминуваат во силеџиство. Затоа овие две теми ги искористивме како теми за нашата кампања пред неколку години, против сексизмот во медиумите.

Дали уште во детските емисии е неопходно да ја надминеме одвоеноста?

Емилија Петреска Камењарова Апсолутно е неопходно во детските емисии да започнат работите и паралелно да се одвиваат во сите. Во 2019 година истражувањата за родот во медиумите ги посветивме токму на емисиите за деца на македонските национални телевизии и се покажа дека се преполни со родови стереотипи. Тоа е всушност местото каде децата и тинејџерите учат за родовите улоги. Оттаму нужно е да се води сметка да им се овозможат и на момчињата и на девојчињата различни позиции за идентификување во поглед на родовата улога.

Многу почесто девојчињата се прикажуваат како принцези или на некој начин немоќни, некои на кои треба да им се помогне, додека пак од момчињата се очекуваше да бидат херои или палавковци. Родовите улоги еднакво лошо влијаат и на девојчињата и на момчињата. Самата еманципација е двонасочен процес.

Документарен магазин Приказна

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,817FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ