-5.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022
spot_img

Елена Крстевска: ако се чекори храбро и напред, желбите ќе се реализираат

Мојата приказна ја започнав пред повеќе од 16 години, за Приказна ја раскажува својата инспиративна бизнис приказна, Елена Крстевска,  претприемач- сопственик на бутик за цвеќе.

„ На факултет се запишав како вонреден студент и ова ми беше буквално како хоби. Почнав да изработувам покани, бонбончиња, китенки за свадби и сè она што е основно околу декорација на свадби. Како што минуваше времето, како што доаѓаа невести за да им изработувам украси за нивните свадби – сè поголема беше желбата да напредувам нагоре. По три – четири години откако јас почнав со работа, се појави и манифестацијата „Саем на венчавки“. Бев најмладиот учесник на тој саем.“- раскажува Елена.

Нема достапен опис
Елена Крстевска

За поддршката, мотивот и инспирациите во насока на реализирање на својата бизнис цел, таа го посочува своето семејство.

„Јас сè повеќе се вложував во работата, во истражувања, во набавки, посета на саеми. Почнав да посетувам саеми и надвор од Македонија. Особено ми е важна поддршката. Пред сè ја имам од семејството, кога почнав да работам од момчето, а сегашен мој сопруг. Тој на секој голем настан каде што требаше да декорирам беше со мене. Да не ги изоставам и татко ми, мајка ми и брат ми кои исто така стоеја зад мене. Се радуваа на секој мој успех, за сите нас тоа беше нешто ново и нешто различно. Можам да кажам дека сум првенец (пдоодбро пионир) во однос на многу работи – некои видови цвеќиња, видови декорации на родендени, свадби и крштевки.“- со емоции и посветеност, раскажува Елена.

„Моето мото е дека тој што сака да работи, тој што има желба и мотивација ќе успее во сè. Сум имала многу пречки и многу падови, како во секој бизнис, особена сега во време на пандемијата. Последно беше кога сè беше затворено, со полициски час, работното време беше ограничено, викендите бевме комплетно затворени, ни беше страв како ќе продолжиме затоа што свадбите, крштевките и родендените се одржуваат токму тогаш. Ние во тој период се фокусиравме и се вложивме максимално на нашиот бутик, работевме со испорака до дома. Имаше солзи радосници, прегратки и бакнежи виртуелни до тие што се сетиле некому да го разубават денот. Тоа ни даде мотивација да продолжиме со исто темпо да ја буткаме ова пандемија.“ смета Крстевска.

Нема достапен опис
Тимот на Елена на работна задача

Нејзината инспиративна бизнис приказна ја заокружуваме со нејзината порака: „Моја порака до сите е дека ако се чекори храбро и напред, секако ќе се остварат желбите“

Емисијата Приказна посветена на женското претприемништво

За Приказна,

Ване Марковски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,060FansLike
1,315FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ