16.8 C
Skopje
Saturday, August 13, 2022
spot_img

Доктор Лилјана Милошевска: Внимателно при труењето со храна

Труењето со храна се јавува кога храната е загадена со бактерии, вируси и други микроби, што предизвикува здравствени проблеми кај лицата кои консумираат загадена храна. За труењето со храна, разговараме со доктор Лилјана Милошевска

Приказна Како настанува труење со храна?

Доктор Лилјана Милошевска Труењата со храна се случуваат во текот на целата година, особено се чести и посериозни во текот на летниот период, заради високите температури што се во тој период, и поради тоа треба внимателно да консумираме храна и да бираме каде и што јадеме.

Труењето може да се случи со бактерија, може да биде и вирусно труење. Може алкохолно труење, од преголема консумација на алкохол што исто така може да зависи со тешки последици.

Приказна Кога труењето со храна да биде опасно?

Доктор Лилјана Милошевска Може да се случи и труење со печурки кое е зачестено во есенскиот период, каде некои може да завршат и фатално, со смрт. Труењето со храна и намирници може да биде предизвикано од различни бактерии. Од моментот на консумирање на храна која е загадена со таа бактерија, може да поминат од 1 до 16 часа, па да се појават симптомите. Со кампилобактер бактеријата може да помине и до 5 дена или ешерихија коли може да поминат и до 8 дена. Меѓу почестите е и салмонелата, особено во месо, млечни производи, сладоледи коишто може да се консумираат. Кај неа, труењето настапува од 1 до 72 часа. Шигелата ја има кај морските плодови.

Приказна Кои се симптомите на труење на храна?

Доктор Лилјана Милошевска Може да се јават сите овие труења во полесна форма, може да се јават и во потешка форма. Обично симптомите кои се јавуваат кога имаме труење се болки во стомакот, грчеви во стомакот, препотување, болки во зглобови, гадење, повраќање, течни столици, дури и до појава на крв во столица.

Документарен магазин Приказна на тема безбедност на храната

Приказна Кога треба да се јавиме на доктор?

Доктор Лилјана Милошевска Ако се појават само симптоми на гадење, повраќање, неколку течни столици, кои ако траат повеќе од 4 дена, треба да се јавиме на доктор, да се хидрирате или ако качите температура поголема од 38 С.

Многу важно е при овие труења, надоместувањето на течности заради дехидрирање на телото, треба да го направиме со внесување на течности, чаеви, вода, да се внесуваат почесто, но во помали количини. Да не земаме таблети на своја рака против повраќање, бидејќи со самото повраќање се намалува и концентрацијата на токсинот во нашиот организам.

Од храна треба да се јаде варен ориз, компир печен и варен, тиква, двопек, чај. Хидрирањето да биде постепено. Може да се земе на своја рака медицински јаглен за да ги врзе токсините во организмот.

За Приказна, Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,541FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ