12 мај е меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, а се одбележува секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингејл. Таа е родена во Фиренца, Италија на 12 мај 1820 година. Целиот свој живот се борела за унапредување на својата професија и правата на жените. Флоренс Најтингејл се смета за пионер на модерното сестринство во светот, дала придонес во промовирањето на графичкото претставување на статистички податоци, иницирала стручно образование на медицинските сестри и вовела методи за нега на пациенти и организација на болници, кои се прифатени во многу земји.
Медицинска сестра се раѓа, не се станува. Техниките се учат. Кога од мали години се гледате во нешто во кое треба да помагате на луѓето … Во моето семејство секогаш ме учеле дека со сиромавиот и болниот човек никогаш не треба да се тера мајтап, туку помогни толку колку што можеш, пружи една рака, така да јас сепак сум здравствен работник со срце“-додаде медицинската сестра Валентина Даркова, која беше нашата инспирација во пандемијата.
Славјанка Влахчева е прва образувана медицинска сестра во Македонија. Била позната како Македонското девојче во бело. Влахчева е родена во Штип во 1900 година. Го завршила Училиштето за медицински сестри на Друштвото на црвениот крст во Белград, 1924 година. Откако се вратила во родниот град, активно се вклучила во борбата против маларијата. Подоцна почнала да работи на Антитуберкулозниот диспанзер во Скопје. Влахчева има особена заслуга за воведувањето на патронажната служба и спроведувањето на бесеже вакцинацијата
Медицинските сестри и акушерките сочинуваат речиси 50% од глобалната здравствена работна сила. Но, тие претставуваат и 50% одглобалниот недостиг на здравствени работници. На светот му требаат 9 милиони повеќе медицински сестри и акушерки доколку сака да постигне универзално здравствено покритие до 2030 година. Во повеќето земји медицинските сестри и акушерките го сочинуваат најголемиот дел од клиничката здравствена работна сила. Постигнувањето на целта за здравствена заштита за сите ќе бара огромни напори за да се намали недостигот на здравствени работници ширум светот.
СЗО ја препознава виталната улога што ја играат медицинските сестри во испораката на примарната здравствена заштита ширум светот – вклучително истражување, превенција на болести, лекување на повредени, палијативна нега.
Меѓународниот совет на медицински сестри (ICN) ја објави новата тема за Меѓународниот ден на медицинските сестри (IND) 2022 година: Медицински сестри: Глас за водство – Инвестирајте во медицинските сестри и почитувајте ги правата за обезбедување на глобалното здравје, фокусирајќи се на потребата да се заштити, поддржи и инвестира во медицинската професија за зајакнување на здравствените системи ширум светот.