4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Да играме! – Филмска програма на Прво па женско 10

Од 21-23ти октомври во Кинотеката на Република Северна Македонија, во склоп на јубилејното издание на фестивалот за феминистичка култура Прво па женско 10, ќе можеме да ја проследиме филмската програма, оваа година под наслов „Да играме!‘“. Покрај филмските проекции ќе се одржи и 3 дневна работилница „Феминистичка филмска играчница“ со Диана Туседо и Кумјана Новакова.

Оваа година, филмската програма на ППЖ 10 е игралиште, игранка, играчница, игра. Ги доближува имагинарното, возможното, неочекуваното, возбудливото и заедничкото. Така, старото и ограничувачко станува ново и отворено. Авторките чии филмови како различни игри влегуваат храбро во една од особено забранетите зони за жените: играта, ги превртуваат правилата на ограничувачкото, исклучувачкото и нормативното. Кураторка на програмата е Кумјана Новакова.

Да играме! ќе претстави четири аудиовизуелни уметнички дела кои предлагаат многу различни форми на филмска игра, и доаѓаат од авторки со многу различни интереси и филмски јазици.

21.10.2022 / 20 ч // Муценбахер / MUTZENBACHER (+18) // Рут Бекерман // Австрија, 2022, 100’

22.10.2022 / 20 ч // Нишај се и играј / Swing and Sway// Чика Барбоса и Фернанда Песоа // Бразил, 2022, 82’

23.10.2022 / 18 ч // Сексуалниот живот на баба / Granny’s Sexual Life // Уршка Џукиќ, Емили Пигар // Словенија, Франција, 2021, 14‘

23.10.2022 / 18ч15мин // Она што останува зад нас е истетовирано на нашите очни капаци // Диана Туседо //Шпанија, 2022, 26’

Во склоп на филмската програма на ППЖ10 отворена е и можност за учество на работилницата „Феминистичка филмска играчница“ со Диана Туседо и Кумјана Новакова, на која учесничките и учесниците ќе имаат прилика да се вклучат во дискурзивна програма фокусирана на феминистичките перспективи во филмот. Работилницата е наменета за полнолетни лица (+18). Сите заинтересирани можат да испратат основни информации до 20.00 часот во четврток, 20-ти октомври на следниот линк

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,818FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ