15.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022
spot_img

Да зборуваме гласно за ракот на дојката

Веќе втора година „Race for the cure“ќе биде организирана во рамки на нашата добропозната трка „Напред розово“, единствена од таков вид во рамки на кампањата за борба против рак на дојка. Од 2007 година здружението Борка ги организира ваквите кампањи и навистина сме среќни што после толку години сè уште има интерес и сè повеќе и повеќе луѓе го сфаќаат значењето на самото појавување и учество на прошетката. Не е прошетката само розев марш, не е прошетката само розеви маички, не е тоа само музика и дружење на сите оние жени, па и мажи коишто ни доаѓаат. Прошетката е многу повеќе. Тоа е славење на животот, да знаат и властите, меѓутоа и луѓето да ги потсетиме дека овие луѓе се тука, се храбри и треба да излезат од своите домови, а ние најмалку што можеме е само да им дадеме поддршка- вели Биба Додева, претседателката на здружението Борка

За жал и покрај напорите да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20 % од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова, ракот на дојката е втора по честота причина за смрт од малигни заболувања кај жените.

Здружението Борка – за секој нов ден во пресрет на месецот октомври, кој е посветен на борбата со ракот на дојка, го најавува 13 издание на хуманитарната манифестација „Напред Розово“. Во исто време ќе се одбележи и најголемиот хуманитарен настан во Европа RACE FOR THE CURE.

На 26 септември на паркингот пред пешачкиот мост кај каналот Студенчишта, со почеток во 11 часот ќе се одбележи почетокот на месецот во кој гласно се зборува за ракот на дојка, за навремената превенција од оваа болест и за современите терапии. Месец во кој се слави животот но и месец во кој се сеќаваме на сите оние што веќе не се со нас заради најчестиот вид рак кај жените.

Со симболична прошетка до градскиот плоштад поддржана од Општина Охрид ќе се обои градот во розово со цел да се даде поддршка на оние кои се борат со оваа болест, а воедно да се подигне свеста за навремено детектирање и превенција од ракот на дојка.

Ракот на дојката обично почнува со создавање мал локализиран тумор во жлезденото ткиво на дојката. Карцином на дојка е малиген тумор на малигно алтерирани клетки во жлезденото структурно ткиво на градата. Како и сите тумори наречени карциноми и овој рак се формира кога процесот кој го контролира нормалниот раст на клетките, ја губи способноста на контрола и овозможува трансформација на клетките во абнормални клетки и нивно размножување врз кое нашето тело нема контрола.

Психичката реакција на жената која има малигном е значајна за квалитетот на животот кој го живее. Често се јавуваат анксиозност, депресивност, негативни чувства, намалена самодовреба, страв дека болеста може да биде кобна.

Соочувањето со ова дијагноза, не е едноставно и влијае врз менталното здравје на пациентите, но и членовите на семејството на пациентот, смета психологот Јасминка Трајковска. Во одредени ситуации, менталното здравје може да придонесе за влошување на здравствената состојба кај пациентите кај кои е дијагностициран рак. Токму и затоа, важен е третманот на менталното здравје.Тоа може да придонесе на подобрување на резултатите и здравствената состојба, истакнува психологот Трајковска.

Појавата на коронавирусот и пандемијата, станаа дополнителен здравствен ризик за болните од рак.

Пандемијата смени многу работи, но нам приоритет ни се луѓето кои во моментот се болни, вели Биба Додева, претседателката на Борка. Според неа, пандемијата не само во Македонија, туку и во светски рамки ги смени приоритетите.

За жал, поради ситуацијата која ја наметна пандемијата, имаме ситуации, во кои болеста се открива доцна. Кога болеста е во доцна фаза, тоа значи проблем со лекувањето на болеста. Не е исто ако се открие болеста на почетокот, па да се помине само со хируршки третман и може нема да има потреба од зрачење и од некоја агресивна хемотерапија. Сосема поразлична е ситуацијата кога болеста е веќе напредната, па може да се случи да има метастази, во некои ситуации кај жените ќе биде неопходно да се отстрануваат лимфните јазли под пазувите. Се создаваат многу голем број на потешки последици.– додава Додева.

Во справувањето со пандемијата и кај болните од рак, вакцината има важна улога.

Многу е важно раното откривање, заради тое е и „Напред розово“, заради тоа и „Борка“ постои , дека раното откривање, особено на ракот на дојка, статистиката покажува дека 98 до 100 проценти оди кон успешно лекување, смета Биба Додева. Инциденцата ќе расте, но наша цел е да го откриеме во ран стадиум. Веќе имаме податоци дека ракот на дојка според инциденца го надмина ракот на бели дробови по бројот на новооткриени случаи, меѓутоа морталитетот е тоа на што ние треба да работиме, а тоа можеме да го направиме ако се открие во ран стадиум, додава Додева.

Изминативе години напревен е голем напредок кај карциномот на дојка. Фактички, менаџирањето на карцином на дојка преку проценката на ризик, превенција, хирургија, зрачење и друг третман, драматично се смени. Стапката на смртност од карцином на дојка во многу развиени земји опаѓа во последниве години, и сега стапките на преживување се 80% или повеќе во земји како САД, Шведска и Јапонија. Сепак, стапките на преживување остануваат под 40% во земјите во развој.

За Приказна,

Ване Марковски,

Бранка Чочкова

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ