8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Данче Азманова Мирчевска: Само среќна и исполнета мајка може да расте среќни исполнети деца

Сметам дека токму популарноста на самата платформа се должи на тоа што им се укажува на самите родители, особено фокусот е ставен на мајките дека една жена не мора да бира меѓу тоа, дали сака да се оствари како родител или да си има кариерна експанзија, професија од соништата. Едноставно, една жена може да ги има и двете работи и тоа без компромиси, па оттука поради популарноста, дојде идејата за организирање интерактивни работилници за родители по компании коишто не само на хартија, туку навистина сакаат да ги поддржат своите вработени што се родители, да им помогнат да бидат пофокусирани и попродуктивни на работа, но истовремено да бидат и посветени родители во својот дом. Верувам дека токму овие работилници помина месец – два откако објавивме дека ги организираме, целосно ќе го трансформираат начинот на којшто компаниите се грижат за своите вработени еве уште сега го гледаме тој зачеток на позитивното влијание, раскажува за својата бизнис приказна, Данче Азманова Мирчевска – основач на платформата Воркинк мам (Working mom) и коосновач на креативна иницијатива Триксибокс (Trixybox)

Како започна вашата приказна за отворање сопствен бизнис?

Данче Азманова Мирчевска Кога останав бремена пребарував на интернет ресурси за тоа како да се справам со предизвиците од самото работење за време на првите денови од мајчинството, но и како трудница и она што пребарував на интернет, не беше ниту релевантно, ниту имаше некои практични совети.

Се’ беше некако како копирани совети за коишто не сум ни сигурна дали родители ги напишале тие совети, па си реков, зошто бесцелно да барам совети кога може едноставно јас да ги креирам тие совети потпирајќи се на моето децениско искуство како креатор на содржина и баш во тој период кога бев пет месеци бремена со сестра ми, ја стартувавме иницијативата Трикси бокс за креирање уникатни тематски подароци, па ми беше јасно дека нема да имам некое класично породилно отсуство како другите, туку и додека сум во самата клиника, јас се враќам на пораки за нарачки, бидејќи беше баш празничен период. Мислам дека Велигден се погоди, тој период беше, па неколку месеци подоцна ја основав и платформата Воркинг мам.

На еден начин како одговор на моите дилеми, како да се справам со тие предизвици со моето рано мајчинство и на почетокот тоа беше замислено да биде како еден мој блок каде што е самата ќе си пишам совети врз основа на моето искуство, но преку ноќ, некако стотици луѓе ми пишаа дека сакале тие да споделат свое искуство што мене многу ме радуваше, бидејќи не беше тоа воопшто замислата. Целта беше да биде анонимен блок на некој начин и така, ете за неколку месеци платформата прерасна во нешто вирално.

Навистина ми е драго што со секој изминат ден сè повеќе луѓе ми пишуваат и споделуваат свои искуства на платформата Воркинг мам од коишто сите ние можеме многу да научиме. Сметам дека токму популарноста на самата платформа се должи на тоа што им се укажува на самите родители, особено фокусот е ставен на мајките дека една жена не мора да бира меѓу тоа, дали сака да се оствари како родител или да си има кариерна експанзија, професија од соништата, туку една жена може да ги има и двете работи и тоа без компромиси, па оттука поради популарноста дојде идејата за организирање интерактивни работилници за родители по компании коишто не само на хартија, туку навистина сакаат да ги поддржат своите вработени што се родители, да им помогнат да бидат пофокусирани и попродуктивни на работа, но истовремено да бидат и посветени родители во својот дом и верувам дека токму овие работилници помина месец – два откако објавивме дека ги организираме, целосно ќе го трансформираат начинот на којшто компаниите се грижат за своите вработени еве уште сега го гледаме тој зачеток на позитивното влијание.

Дали Вие имавте ментор и дали имате амбиции и Вие да станете некој менторка?

Данче Азманова Мирчевска Да имав еден вид животен тренер, Маја којашто навистина многу ми помогна кога се соочував со тој синдромот на помала вредност и ми беше страв да објавам платформата Воркинг мам, иако не ни сонував дека многу луѓе ќе ја читаат оваа платформа и таа работеше со мене неколку месеци со цел да види каде се крие тој мој страв. Зошто се плашам да објавам нешто што можеби никој нема да го прочита и по низа на многу сесии на многу вежби. Конечно откривме каде лежел стравот и успевав.

Успеав да го кликнам копчето објави на платформата и навистина ми е драго што верува во процесот што Маја ми го понуди и што се осмелив, се охрабрив да ја објавам платформата, бидејќи ете денес сум овде каде што сум инспирирам многу други жени и мажи да бидат она што се да не се плашат јавно да зборуваат за своите предизвици како родители и заедно ги рушиме табу темите.

Инаку да, јас сум во процес, се обучувам да бидам менторка на жени на девојчиња со цел нели да им го пренесам моето знаење, моето искуство. Да им помогнам да тргнат по патеката што ќе ги исполнува и којашто ќе им помогне да се чувствуваат реализирано.

Според вашето досегашно искуство, кога сметате дека е вистински момент да се стапне едно скалило понапред и покрај тоа што ќе има ризици и предизвици?

Данче Азманова Мирчевска Да, тоа е одлично прашање, за мене лично тоа се случи кога еден ден си заминав дома после работа, се погледнав во огледало и си реков дека мене ми е веќе преку глава да се чувствувам толку здодевно толку мизерно на работа. Едноставно едвај да чекам да дојде викенд, па дури и да трпам некој неправди и дискриминации само затоа што сум жена.

Се прели чашата и тогаш беше тој момент кога си кажав толку е готово, јас ќе почнам нешто свое затоа што ако не сега, кога би почнала.

Дали е лесно да се отвори бизнис со бебе и да се развива всушност бизнисот?

Данче Азманова Мирчевска Би сакала да кажам дека правилно добро менаџирање со време е клучот, одговорот на ова прашање. Меѓутоа тоа е само мал дел од решението, бидејќи моето дете е 11 месеци и сè уште нема некои фиксни и стабилни рутини, нема некое конкретно време за спиење, па јас околу тоа да се организирам.

Сметам дека ако навистина сакате да започнете нешто свое, најпрвин треба тоа вистински да го сакате да ви биде пасија и да се помирите со тоа дека можеби некој период и неколку месеци, па дури година ќе го работите тоа за без пари или за многу мал финансиски надоместок.

Би било супер доколку би имале поддршка. На пример, додека вие работите некој дома да ви го причува детето на саат два ако работите од дома или пак евентуално да ја користите секое можна дремка на детето, дури вечерната за вие да се фрлите на работа веднаш штом го заспиете детето нешто што често го правам сè уште.

И секако ако не пиете силно кафе да почнете да пиете и да се подготвите дека ќе работите и кога ќе сте многу, многу уморни, а често ќе сте уморни, тоа е вистината.

Документарен магазин Приказна

Ќе ги охрабрите луѓето кои размислуваат да започнат сопствен бизнис?

Данче Азманова Мирчевска Да, апсолутно еве на пример, јас го започнав Трикси бокс со сестра ми кога бев 5 месеци бремена, и имаше многу физички предизвици, меѓутоа наградите ги надминуваат сите предизвици, а Воркинг мам ја започнав неколку месеци подоцна пред да се породам.

Сметам дека самиот факт дека ќе имаш дете или имаш дете е еден толку голем мотиватор дава толку многу волја што само дека родителите би го разбрале. Тоа ти дава волја за да му покажеш на тоа дете, што значи да има цел да биде една реализирана и исполнета личност.

Фактички да му бидеш ти пример за и тоа, кога ќе порасне, ако сака да отвори бизнис, веќе да има кому да се угледува, да ги следи неговите стапки и сега за крај можеби ќе звучи навистина клише, но е жива вистина дека само среќна и исполнета мајка може да расте среќни исполнети деца.

Наташа Јанкуловска Торевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ