20.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Во Скопје отворено советувалиште за психо-социјална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство официјално го отвори Женскиот центар за поддршка Скопје. Во овој центар, жените жртви на насилство ќе може да се обратат и да бидат кориснички на услуги од психолог, социјална работничка, правна советничка и кариерна советничка.

Сите жени кои преживуваат насилство и имаат потреба и помош од психолог, социјална работничка, правна и кариерна советничка може да се обратат на 075/255 – 154 за да се изборат против насилството во нивниот дом.

Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство за МИА, информира дека центарот ќе им обезбеди помош и поддршка на жените-жртви, согласно нивните потреби.

– Без разлика дали жената ја донела одлуката да го напушти насилникот и отишла и пријавила во некоја од надлежните институции или сè уште не пријавила или сè уште не ја ни донела одлуката, туку е во онаа фаза каде што размислува што да направи понатаму. Советувалишниот центар ќе и обезбеди помош и поддршка согласно нејзините потреби. Тука се ангажирани две социјални работнички, една терапевтка и една правничка, се со цел да за да се обезбеди една сеопфатна помош.

Кога жената ќе дојде тука ќе биде примена од социјалната работничка, со која ќе го направи иницијалниот разговор и со која заеднички ќе донесат одлука или ќе направат процена, што и нејзе најпотребно и кои треба да бидат првите услуги што треба да и бидат обезбедени, вели Димушевска.

Терапевт на претходно договорени сесии ќе работи со жртвата на надминување на последиците од преживеаното насилство, на планирање на иднината, на унапредување на родителските вештини.

На отварањето на Женскиот центар за поддршка Скопје присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Жанета Маркушова, сопругата на словачкиот амбасадор во Северна Македонија како и претставник од донаторот, Балканскиот фонд за демократија, Тијана Књежевиќ.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ