33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Битка за живот: Откако татко ми скришно ја продаде куќата животот ми стана пекол

Горанчо Коцев има 50 години. Сам е, и многу тажен. Во семејство од седум деца, нема да се сложува со еден од браќата кој живее во Нови Сад, и пред смртта на татко му ќе ја продаде семејната куќа, а него нема да му даде ниту денар. Освен по мајка му, која вели дека пред време умрела од тешкиот живот, тој тажи и по едниот брат Тимо. Тој бил со попреченост, а е однесен во Србија само за да му бидат одземени финансиите, кои му следуваат од државата.

– Од мал, татко ми не ме сакаше. Беше многу лош човек. Мајка ми беше многу добра и малтретирана од татко ми. Од таа добрина и од жал за синот кој болен не можеше да го види, зашто татко ми не и даваше пари за пат, таа умре. Ама набрзо по неа и татко ми го стигна казната. Со нас живееше уште еден брат. Се вика Тимо и роден е со попреченост. Но, брат ми од Нови Сад, направи сè за да го повлече таму, само за да му ги земе парите што тука му следуваат на Тимче-вели Горанчо за „Срце на дланка“.

Додека била мајка му жива, неговиот живот имал некаков ред. Но, откако таа починала, татко му здружен со постариот син од Нови Сад, ја продаваат куќата и ги делат парите. Горанчо останува сам и на улица. Во дворот на поранешната семејната куќа, право импровизирана просторија која повеќе потсетува на подрум, отколку на дом.

Тој живее во таа преправена просторија која порано била потпорен ѕид. Во неа има само еден кревет, мало печка и комодичка за неговите икони, во чија сила верува и кои единствено му даваат надеж.

– Тешко живеев и порано, но, откако татко ми скришно ја продал куќата без да знам јас, животот ми стана пекол. Не ми преостана друго освен направам една соба, за да има каде да ставам глава. Овој дел што денес е мој дом, порано беше градина. Ама не се спие на отворено. Иако условите се лоши, барем засолнет сум кога врне и кога студи. Брат ми Тимо, па во уште полоши услови живееше. Јас барем имам еднa печка. Не премрзнува. Но, немам струја. Нема каде да се бањам. Еве тие некои пријатели што ми останаа, во месецот ме викаат и ми дозволуваат да се истуширам кај нив. Ќе ми дадат храна, и во тегла ќе ми пратат за дома. Па, имам за некој ден да преживеам-додава Горанчо.

Пред неколку месеци пожар му ја уништува просторијата во која живее. Принуден бил да потпише дека е од инсталација, иако таму нема струја. Затоа, тврди дека тоа е пожар подметнат од газдите што ја купиле куќата од татко му, само за да го принудат да си оди од таму.

Горанчо порано живеел со 2.000, а денес со само 5.200 денари. Често останува и гладен, а од социјалното е одбиван и не смее да добива барем еден оброк од народна кујна, што многу би му ја олеснила и онаа веќе претешката ситуација. Добредојдена ќе му биде и помошта од добриот народ во форма на поддршка од храна, облека, средства за хигиена или привремено сместување, додека се снајде и застане на нозе.

– Скромните пет илјади денари што месечно ги земам, не се доволни за да преживеам. Често сум гладен. Но, со ваквиот тежок живот, не ни мислам на храна. Некогаш јадам, некогаш не. Прашав за да добијам барем еден оброк во народна кујна, ме одбија. Само јас знам како е вака да се живее. Сум правел на сите добро со две раце. Сега ми сечат прст по прст-завршува Горанчо

Горан и покрај начинот на кој живее, верува во подобар живот и се надева на хуманоста од народот. Тој е вреден и го знаат сите. Скромно бара помош во облека, храна и малку финансии за да ја помине кризата. Понатаму вели тој, ќе се снајде.

Доколку сакате да му помогнете на Горанчо Коцев, тоа можете да го направите на телефонскиот број 076/871956 или на оваа жиро-сметка 210501617273677

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ