16.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Андреа: се извинувам ако навредив некого, немав намера да го омалoважам знамето!

Вечерва за МРТ Андреа изјави дека немала намера да го омаловажи македонското знаме. Не ми се верува што се пишува по медиумите, затоа што единственото нешто што го правев деновиве е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. Но, во момент каде што ме снимаше камерата и ме фотографираа, беше побарано од мене да се сликам без знаме. Делегацијата беше навистина многу далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Но, не беше од омраза, затоа што јас сум горда што доаѓам од тука и малку ми е бесмислено зошто се случува ова. Тука сум да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека може да продолжиме на Евровизија со позитива. Не ми беше никаква намера да навредам некого, ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам, изјази Андреа.

Претходно Македонската Радио Телевизија  најостро го осуди потегот на нашата евровизиска претставничка, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Од МРТ велат дека очекуваат Андреа да им се извини на граѓаните, а се разгледува и можноста за нејзино повлекување од Евровизија.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ