33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Ана Јакимовска: Со рециклирањето на облека ќе влијаеме и врз животната средина

Модата е еден од најголемите загадувачи во светот, веднаш по авиоиндустријата. Токму и затоа е важна одржливата мода. Одржливата мода значи грижа за животната околина, но едновремено и грижа за човековите права. Размената на облека е алатка за одржлива мода. Нашата земја е дел од глобалното движење Модна револуција. Нивната цел е да укажат на штетната страна од модната индустрија и последиците по животната средина, луѓето и бизнисите. Секој 24-ти април е „Fashion Revolution Day“. Ана Јакимовска е дел од ова движење во Македонија.

Приказна Зошто е важен процесот на рециклирање на облеката?

Јакимовска Знаеме дека во светот денес се произведуваат билиони парчиња облека, но според нашите податоци дури 73% од истата завршуваат на депонија. Моментално статистиките велат дека само 1% од облеката е рециклиран повторно во нова облека. Зошто е важно ова рециклирање? Важно е бидејќи со продолжување на векот на облеката, ние индиректно влијаеме и на животната средина и на нашиот живот.

Приказна Постои ли законска регулатива за текстилен отпад?

Јакимовска Според националниот план за управување со отпад на нашата земја, 4,7% е просечниот состав на вкупниот отпад во нашата земја, според оценките на 8-ре региони. Овој текстилен отпад го делиме на индустриски, неопасен и комунален отпад. Според овој закон, за да се спречи генерирање на какво било штетно влијание, се апелира до секоја компанија којашто се занимава со текстилниот отпад, да го намали неговото создавање, да го избегне или да ги намали штетните влијанија врз животната средина и здравјето и животот на луѓето.

Приказна Може ли државата да поттикне решавање на проблемот со текстилен отпад?

Јакимовска Според нас субвенција или поддршка кои би биле исклучиво со фокус на рециклирање на текстилен отпад, и секоја активност поврзана со тоа би било одличен старт.

Документарен магазин Приказна на тема модата како загадувач

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,413FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ