16.8 C
Skopje
Monday, May 23, 2022
spot_img

„Slowscapes“изложба со порака: Консумирајте одговорно облека и накит

Во културно социјалниот простор „Центар- Јадро, денес ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes”. Изложбата ќе трае до 3 октомври,  а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

Изложбата ќе се оддржи според актуелните протоколи за заштита од Ковид-19. Влезот ќе биде дозволен за лица што поседуваат сертификат за имунизација против САРС КОВ-2 или прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Од организацијата известуваат дека во галеријата ќе биде дозволено присуство на вкупно 12 лица.

На изложбата ќе учествуваат брендовите и дизајнерите од „Лудус“, Марта Пејоска, „Волатајл“, „Армма“, Ксенија Котев, Нина Нине и „Кактус“.

Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практики што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно, наспроти „брзата мода’ и прекумерното трошење кое ни се наметнува.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,399FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ