-2.2 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

Нова соработка помеѓу Еснаф и модната дизајнерка Росица Мршиќ

Модната дизајнерка Росица Мршиќ започна нова соработка со Еснаф. Еснаф е платформа за промоција, поддршка и поттикнување на македонските занаетчиски техники, претежно со вклучување на лица од најранливи категории.

Во рамки на оваа соработка е создадена „Heritage“ колекцијата со цел да се зачува и да се негува традицијата на домашните занаети и рачна изработка. Колекцијата е дизајнирана од познатата дизајнерка Росица Мршиќ и содржи современо дизајнирани рачно изработени модни додатоци инспирирани од богатото македонско културно наследство.

Во колекцијата се вклучени: плетени, везени и чанти изработени со таписерија техника, ткаени појаси и обетки изработени од материјали остатоци од домашната кожарска индустрија, сите создадени по принципот на бавна мода и одржливи. Во секое парче од колекцијата е вклучена голема љубов и посветеност од локални занаетчии и изведувачи.

Оваа колекција ќе биде достапна за продажба во Pop Up продавница „Ready, Steady, Shop“ организирана од Еснаф во партнерство со Моден викенд и East Gate Mall, како и на онлајн продавницата на Еснаф. Продавницата се наоѓа на први кат и ќе работи од 15 до 31 март 2024.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ