-1.2 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

АИ самит во Скопје: Одговорно управување со новите технологии за подобра иднина

Во Скопје се одржа „Ai Tech Summit“ – прв настан од ваков вид, на кој свое излагање имаа повеќе од 20 говорници од целиот свет, кои ги споделија своите искуства и достигнувања во полето на вештачката интелигенција (ВИ). Меѓу говорниците беа и експерти од водечките светски компании како Мајкрософт, Гугл, Спотифај, БиБиСи и др.

Се дискутираше за теми како етичките импликации на вештачката интелигенција, влијанието на ВИ врз финансискиот сектор и врз производството, а во рамки на самитот говорниците зборуваа и на темите посветени на значењето на податоците за развој на вештачката интелигенција, на еволуцијата на вештачката интелигенција со човештвото, како и на револуцијата што ВИ ја создава во правната индустрија.

Главните заклучоци од самитот се фокусираат на правилното користење на вештачката интелигенција за подобрување на квалитетот на живот и работа на поединците и општеството како целина, но и на потребата од приспособување на сетот на вештини на индивидуално и организациско ниво за правилно да се искористи потенцијалот кој новите технологии го овозможуваат.

М6 Едукативен центар се вклучи како ко-организатор на настанот заедно со TBM Group од Прага. Од таму веќе еподготвена специјализирана обука „AI for managers and executives“ во соработка со Центарот за Вештачка Интелигенција од

Шведска, која ќе се одржува онлајн и ќе ги покрие главните елементи за правилната употреба на ВИ во различни индустрии, нејзиното имплементирање во различни организации и употреба при решавање на бизнис проблеми.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,756FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ