На гала церемонија одржана во Кралската палата во Наполи беа прогласени 100 најдобри пицерии во светот. Помеѓу наградените годинава е и скопската траториа, Мато Наполетано која со големи букви го испиша името на нашата држава на светската гастрономска мапа.
Претходно во мај годинава, Мато Наполетано во Барселона беше прогласена и за 25 пицерија во Европа. Ова е првпат во историјата на Македонија, угостителски објект да е препознаен на светско ниво.
Рангирањето и наградувањето традиционално го врши најпрестижната меѓународна организација од Италија, низ строг процес на проверка од страна на анонимни инспектори во сите аспекти од понудата и работењето, низ целата година.
Успехот е уште позначаен и поради тоа што Мато Наполетано е единствената пицерија од нашиот поширок регион на ова рангирање.
Ова е успешна приказна која подеднакво ја збогатува локалната кулинарска понуда, но и ја промовира нашата држава во меѓународни рамки.