9.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Министерка Јована Тренчевска: Веруваме дека во наредниот период ќе го зголемиме бројот на згрижувачки семејства

За некои деца згрижувачкото семејство е замена за биолошкото, а за други претставува само привремена грижа, додека не се надмине ризикот во биолошкото семејство. Сместувањето во згрижувачко семејство како форма на заштита во нашата држава законски е регулирана од 1979 година, а првото згрижувачко семејство датира од далечната 1961 година. Првите згрижувачки семејства во 1961 година, биле концентрирани само во Скопје, но денес постојат низ повеќе градови низ земјава, и тоа во Прилеп, Македонски Брод, Крушево и други градови. Бројот на згрижувачки семејства постојано расте и мрежата постепено се шири. МТСП заедно со УНИЦЕФ и со Центрите организира кампања за поддршка на згрижувачките семејства организира кампања. За неа, поразговаравме со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Колкав е бројот на згрижувачки семејства на ниво на цела држава и колку центри имаме за згрижувачки семејства на ниво на цела држава?

Тренчевска Во моментот во државата имаме 360 згрижувачки семејства во кои се сместени 608 деца. Во делот на центрите за поддршка на згрижувачките семејства, со реформите од 2019 година во делот на социјалната заштита и со донесувањето на новиот закон за социјална заштита, се повеќе се фокусираме на алтернативни форми на згрижување и вадење на децата од гломазните институции. Тоа го направивме и со децата кои беа сместени во домовите и со гордост може да кажеме дека немаме ниту едно дете под 18 години кое е сместено во институција.

Со цел да го зголемиме бројот на згрижувачки семејства кој ќе опфаќаат поголем број деца со законот е предвидено и формирање на такви центри на згрижувачки семејства. Тоа се 3 центри распоредени во различни региони. Во Скопје во Домот 11 Октомври, Битола во домот за деца и доенчиња и во СОС село. Овие центри даваат поддршка на згрижувачките семејства, таму се поминува низ обуката, за да се стане згрижувач.

Она што е најважно, тие во континуитет работат со згрижувачките семејства за да можат во континуитет да се јакнат капацитетите на овие семејства, со секој проблем со кој се соочуваат, да можат да се јават кај стручни работници, да добијат соодветен одговор, да разговараат на одредена тема, се во интерес на децата кои се згрижуваат во овие семејства.

Одлуката за избор на згрижувачко семејство се носи според определени критериуми кои мора да бидат исполнети. Згрижувачот е должен на малолетното дете да му обезбеди, згрижување и сместување во семејството, нега, општа и лична хигиена, исхрана, неопходна облека и обувки. Покрај тоа, потребно е да се грижи за здравјето на детето, како и за неговиот развој, воспитание и образование. Згрижувачот е должен да се грижи и за задоволување на етичките, културните, забавните и рекреативните потреби на детето кое е сместено во семејството, како и да ја почитува етничката припадност и верските обичаи на сместеното дете.

„На секое дете му треба семејство“ е насловена кампањата за згрижувачки семејства, која ја подготвува Министерството за труд и социјална политика и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ). Целта е да се мобилизираат повеќе згрижувачи кои имаат искрена мотивација и желба да згрижат деца, вклучувајќи деца со попреченост, бебиња, деца кои се жртви на насилство или занемарување и деца на кои им е потребна грижа затоа што се изложени на ризици.

Која е целта на кампањата за згрижувачки семејства. Што опфаќа таа кампања?

Тренчевска Кампањите се дел од работата на МТСП и во делот на социјалната заштита и во делот на родовата еднаквост, во делот на останатите надлежности кои ги работиме и ги имаме како министерство. Особено кампањата во делот на згрижувачките семејства е нешто коешто во континуитет го работиме и затоа ни е бројката зголемена.

Очекуваме со новата кампања дополнително да се зголеми бројот на згрижувачките семејства. Оваа кампања ја работиме заедно со УНИЦЕФ и со Центрите за поддршка на згрижувачките семејства. Таа е насочена кон подигнување на свеста на граѓаните за згрижување на деца во ризик или деца со специфични потреби. Целта е преку оваа кампања да допреме до сите граѓани, во различни региони за да можеме овие деца да ги сместуваме во семејства, да ја добијат целата поддршка од семејствата, да ја добијат љубовта која недостасувала во семејствата каде што претходно биле.

Веруваме дека во наредниот период ќе успееме да го зголемиме бројот на згрижувачки семејства.

Потенцијалните згрижувачи може да се јават на 15333 или да се информираат на веб-страницата www.zgrizuvanje.gov.mk.

Документарен магазин Приказна

Со кампањата „На секое дете му треба семејство“ ќе се поддржат заложбите на Ресурсните центри за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје и Битола и Центрите за социјална работа во целата земја за да се зголеми интересот за згрижување и да се создаде мрежа на згрижувачи во секоја општина.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,752FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ