4.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Адвокат Иван Брешковски: Законските измени треба да ги заштитат новинарите и новинарките, безбедно да си ја вршат својата професија

Анализата што ја водат новинарските здруженија покажа дека од сите напади кон новинари над 65% се кон жени новинари, а од нив 80% се онлајн напади. Сторителите се охрабрија на некој начин откога почна Корона – кризата бидејќи многу е полесно за нив да го скријат својот траг кога вршат напади онлајн: преку скриени профили, преку ВПН адреси и многу е тешко да се влезе во траг на тие сторители. Едноставно тие се охрабрија и секако особено жените новинарки кои работат истражувачко новинарство и тангираат работи од јавен интерес, се полесна мета и поранлива категорија за напаѓачите. Многу е важно да се спомене дека жените се двојно дискриминирани кога се напаѓани, бидејќи се нападнати прво врз родово базирано насилство и закани и врз база на нивната професионална ангажираност. Интензитетот на тој напад е и доста посилен, вели во интервју за приказна, адвокатот Иван Брешковски.

За прв пат во кривичниот законик се вметнуваат кривични дела како демнење и сексуално вознемирување. Ова е дел од имплементација на Истанбулската конвенција, со што и законски се допрецизира заштитата на жените и се внесуваат нови кривични дела кои досега кај нас не постоеле, а со нив законски се штитат жените од вознемирување и напади. 

Кои се измените на Кривичниот законик и што значат?

Иван Брешковски Со најновите измени во Кривичниот законик од февруари оваа година, а измените беа во собраниска процедура две години, значи долго се чекаше за овие измени, имплементирана е Истанбулската конвенција за заштита на жените од родово базирано насилство, воведено е ново специфично кривично дело – демнење. По извршена компаративна анализа утврдено е дека такво дело постои во Финска, а останатите западни демократии користат други одредби од нивните кривични законодавства за да ги казнуваат таквите дела.

Накратко, суштествени елементи на тоа дело демнење се следни: треба да е сторено од одредено лице кое постојано се заканува, набљудува или контактира со жртвата, или неоправдано ја прогонува жртвата. При утврдување дали овие повторени дела се извршени од осомничениот или од обвинетиот, треба да се утврди дали тие активности т.е. противправни дејства предизвикале страв и вознемиреност кај жртвата. Судовите мора да ја имаат позицијата на жртвата и нејзината ранливост. При такви кривично – правни деликти поранливи се жените и децата. Делото бара и намера. Мора да се разбере дека обвинетиот или осомничениот има постојан контакт со жртвата и дека таквите активности: вознемирување независно дали е онлајн или офлајн, преку какви било форми на комуникација, е постојано, континуирано и создава вознемиреност кај жртвата и предизвикува штета по психофизичкото здравје на жртвата.

Дали ако се случи еднаш демнењето не е кривично дело?

Иван Брешковски Сè зависи каква е заканата. Ако е еднократно упатена таа закана, тогаш тоа дело при вршење квалификација од страна на надлежните органи може да се гони по друг член, тоа е член 144 кој се однесува на закана. За да бидат исполнети елементите на делото демнење мора да се заканите и вознемирувањето во континуитет.

Се воведуваат и демнење и сексуално вознемирување. Што предвидуваат измените?

Иван Брешковски Со измените во Кривичниот законик се воведуваат квалификувани форми на тие кривични дела. Ако тоа дело е извршено кон новинар, адвокат, при вршење на семејно насилство, родово базирано насилство, законодавецот одредил повисоки санкции. Се заканува казна затвор до пет години. Тоа значи дека се зголемува, се унапредува кривично-правната заштита на жртвите со воведување квалификувана форма на тие кривични дела.

Дали казната е поголема ако делото го стори близок член на семејството или партнер?

Иван Брешковски Да, казната е поголема ако ова вознемирување го стори близок човек, сегашен, поранешен партнер, сопруг, доколку делото е сторено кон деца т.е. малолетници, тогаш казната може да достигне и до пет години затвор.

За првпат законските измени ги вклучуваат и медиумските работници. Демнењето, заканите и нападите, ја нарушуваат безбедноста на медиумските работници.о овие законски измени, заштитата на медиумските работници и жените се издигнува на многу повисоко ниво. 

За првпат и медиумските работници се вклучени во законот. Дали тоа ќе значи поголема безбедност?

Иван Брешковски Анализата што ја водат новинарските здруженија покажа дека од сите напади кон новинари над 65% се кон жени новинари, а од нив 80% се онлајн напади. Сторителите се охрабрија на некој начин откога почна Корона – кризата бидејќи многу е полесно за нив да го скријат својот траг кога вршат напади онлајн: преку скриени профили, преку ВПН адреси и многу е тешко да се влезе во траг на тие сторители. Едноставно тие се охрабрија и секако особено жените новинарки кои работат истражувачко новинарство и тангираат работи од јавен интерес, се полесна мета и поранлива категорија за напаѓачите. Многу е важно да се спомене дека жените се двојно дискриминирани кога се напаѓани, бидејќи се нападнати прво врз родово базирано насилство и закани и врз база на нивната професионална ангажираност. Интензитетот на тој напад е и доста посилен.

Документарен магазин Приказна

Кои се Вашите очекувања од измените?

Иван Брешковски Се надеваме дека ќе се поместат работите. Целта на овие измени е да се одврзат рацете на Јавното обвинителство да ги гони овие сторители по службена должност. Затоа се воведоа и квалификувани форми на овие дела. Досега праксата покажа дека за онлајн закани Обвинителството многу ретко поведува постапка по службена должност, оставаше жртвите сами да си ја бараат правдата со поднесување приватни тужби. За жртвите тоа е многу покомплицирано бидејќи носи поголеми трошоци. Второ, треба лично да се соочуваат како приватни тужители со напаѓачите. Тоа дополнително ја отежнува работата на новинарите и тие се случува да се откажат да известуваат за таа тема. Тоа е поразително. Целта е да се заштитат и да си ја вршат својата професија.

Наташа Јанкулоска Торевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,754FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ