2.8 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Ана Дорник во Скопје ќе ја сподели својата лична приказна за битката со ракот

На 29 март, во хотелот Александар Палас, со почеток во 19 часот, македонската публика ќе има можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот.

На настанот ќе биде промовирана нејзината автобиографска книга „Ти си таа“. Гостите ќе имаат можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори, како и одблиску да ја запознаат и да поразговараат со неа. Специјален гостин, панел учесник на трибината ќе биде Лила Филиповска, која ќе ја сподели својата приказна за борбата со ракот на дојката. Двете храбри жени чии приказни вредат, инспирираат, поттикнуваат надеж. Влезот е бесплатен.

инфлуенсерката Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот

Поддршка за македонското претставување, Ана Дорник доби од Здружението ЕЗРА.

– Искрено се радувам и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Веќе имам многу следбеници од Македонија, кои постојано ми пишуваат и ме канат да дојдам кај вас. Затоа, со помош на моите пријатели од Езра, одлучивме да ја направиме оваа промоција и да се запознаеме и во живо. Нашата борба е универзална, не познава граници или јазични бариери, сите сме ние исто во нашата истрајност да го победиме ракот. Затоа е важно да зборуваме отворени и да се поддржуваме – изјави Ана.

Автобиографската книга на Ана, „Ти си таа“ е создадена со цел да се стекне поголема свесност за раната превенција, едукација и поддршка во лекувањето како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените, кои се борат со оваа болест. За својата хуманитарна работа, Ана ја добила наградата за животно дело на министерството за здравство на Србија, како и други награди кои се признание за нејзините заложби за општествена промена.

За време на промоцијата, посетителите ќе можат да ја купат нејзината автобиографска книга. Целиот приход од продажбата на книгите ќе биде наменет за борбата со ракот на дојка! Воедно Ана Дорник заедно со претставниците на здружението Езра ќе ги посетат и жените кои се ново оперирани на клиниката за торакална хирургија.

Пр објава

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,757FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ