15.8 C
Skopje
Saturday, September 21, 2024
spot_img

Љубица Јаневска Ивановска: Со нутриционист, ослабев без последици по здравјето

Познатата македонска ТВ презентерката Љубица Јаневска Ивановска, со промени во начинот на исхрана, без гладување, успеа да симне 10 килограми. Вели дека се’ почнало со идеја за краткотрајна диета, за денес, тоа да и стане начин на живеење.

Веројатно додека не дојдов до ситуација дека треба да симнам 10 килограми, ако ме прашавте, ќе ви кажев дека е диетата е слабеење. Меѓутоа по симнувањето на тие килограми, сега слободно можам да кажам дека тоа е начин на живот. Ако одлучите да ги симнувате килограмите со професионалец, односно нутриционист, сфаќање дека таквиот начин на исхрана е добар за вашето здравје и колку тоа ви дава енергија во текот на денот и колку е тоа добро за понатамошно функционирање на долгорочен план за вашето здравје. По одржаната диета, од овој аспект сега веќе стана и мој начин на живот, раскажува Ивановска.

Сите ние често може да прочитаме за разни диети со кои се симнуваат килограми за само неколку дена. Често читаме и за диети на познати личности кои луѓето ги практикуваат на своја рака, но сето ова предизвикува јо-јо ефект и носи ризици по здравјето на луѓето.

Љубица вели дека сите сме зависници од интернет и сите сакаме резултатите да дојдат за краток временски период. Пред да се обратам на нутриционист ми се случи тој јо-jo ефект во којшто според таа диета, требаше за не знам колку денови да изгубам одреден број на килограми, да, се случи тоа, меѓутоа, потоа брзо ги вратив тие 5 килограми 3 пати. Затоа и се одлучив да бидам во комуникација со нутриционист којшто ќе ми помогне многу полесно и поедноставно, додава Ивановска

 Да го промениш комплетно начинот на исхрана и да ти стане начин на живот, навистина бара трпение, напор, буквално ресетирање на целиот ум, за да можеш да продолжиш да функционираш на тој начин. Проблемот кај мене беше тоа што јас многу малку пиев вода. Сега веќе без шишенце вода, каде и да одам, едноставно не можам. Сфатив дека со една чаша вода не правам ништо, освен ако не е шишето до мене, па на тој начин да си исполнам оние 2 до 2,5 литри во текот на денот, раскажува Љубица.

Сите се соочуваат со предизвици кога прават промени во исхраната.

Морам да признам дека кај мене повеќе проблемот беше во приспособувањето на органско млеко, овес, чиа, ленено семе, работи коишто претходно воопшто не сум ги консумирала. Тука ми беше потребно повеќе време, за да се приспособам. Кога се обратив на Емилија, прво нешто што и кажав, беа неколку работи кои не ги јадам, затоа што ако ми ги стави во начинот на исхрана, можеби ќе потклекнам, а не сакам да го сторам тоа. Навистина ме послуша, вели Љубица. Не ги сакав полнетите пиперки, не јадам јагоди и киви. Од друга страна не сум голем љубител на месо, па мислам дека беше многу полесно да состави листа што треба да јадам секој ден. Во принцип се’ е тоа што го има на нашето поднебје: леќа, грашок, боранија, модар патлиџан. И мене ми беше лесно да се приспособам, освен пред почеток на денот, лимонот со чија семе, бидејќи тоа навистина не го јадев претходно. Сега ми се едни од најомилените појадоци, додава Ивановска.

Документарен магзин Приказна

Најдобро решение пред да одлучите да симнете вишок килограми е да се обратите на стручни лица за совет.

Колку и да се обидуваат сами секогаш најдобро решение е да се обратат кај професионалец. Мене ми се случи да се обидам сама и да ги повратам килограмите. Веројатно бројот на калориите не беше соодветен и потоа организмот се исцрпи и си го побара тоа назад. Затоа мојот совет е да пиете многу вода, добро е за целиот организам. Таа е добра за косата, кожата, ќе ја почувствувате разликата. Водата е клучно нешто што треба да се консумира, заклучува Иваноска.

Ване Маркоски

Бранка Чочковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,662FansLike
3,337FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ