23.8 C
Skopje
Saturday, September 21, 2024
spot_img

По разорниот, уште еден силен земјотрес во Турција од 7,7 степени

Турското тло не се смирува. По разорниот, серија силни земјотреси.

Според првичните информации, магнитудата е 7,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил во 11.24 во истото подрачјето, каде и разорниот земјотресот од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Овој силен земјотрес се случил во 13.24 часот по локално време или 11.24 часот кај нас, на 59 км од Караманмарас, на длабочина од 10 км. Само десетина минути подоцна, регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.

Државните медиуми во Сирија јавуваат дека вториот силен земјотрес, се почувствувал и во главниот град Дамаск.

https://twitter.com/i/status/1622552405408894978
Извор Твитер

Разорниот земјотрес се случи во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Материјалните штети се огромни и сè уште се собираат, а причината се бројни афтершокови. Експертите предупредија дека овие последователни потреси може да траат со денови или дури и недели. Поради тоа постои можност за дополнително уривање на згради и куќи.

Медиумите пренесуваат дека бројката на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија, е над 1000. Се стравува дека оваа бројка ќе биде многу поголема.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган пред последниот голем удар, изјави дека само во Турција во земјотресот загинале 912 лица, а повредени се 5.383. Според него, не може да предвиди колку ќе се зголеми бројот на загинатите додека траат напорите за пребарување и спасување.

Сириските власти информираат за повеќе од 320 мртви и над 1.000 повредени.

Со интензитет од 7,8 степени според Рихтерова скала, ова е најсилниот земјотрес во Турција во последните 84 години. Претходно, земјотресот од 7,6 степени во Измир во 1999 однесе над 17.000 животи.

Според д-р Халук Озенер, директор на опсерваторијата Кандили и Институтот за истражување на земјотреси, како што пренесува Би-Би-Си, ова можеби е најголемиот земјотрес што сме го виделе во последните 24 години во овој регион. Досега се случиле 100 последователни потреси. Околу 53 од нив се над 4 [по Рихтеровата скала], а седум над 5. Озенер смета дека земјотресите ќе продолжат и во текот на наредните денови.

Министерството за надворешни работи преку своите Амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес рано изутринава, и во континуитет известува за состојбата во загрозените подрачја.

„Информациите од теренот упатуваат за исклучително силен земјотрес со големи последици по животите на луѓето затекнати во погодениот регион; голем број жртви кои надминуваат неколку стотици граѓани, голем број повредени лица како и сериозна материјална штета која ја отежнува состојбата на терен.

Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност.

Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен.

Македонските дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,662FansLike
3,336FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ