19.8 C
Skopje
Thursday, September 19, 2024
spot_img

Зоран Спасов Ѕоф ја промовираше „Џабе живиш у Скопје“: Ајде да го негуваме скопскиот говор и скопскиот хумор

Со многу хумор, анегдоти, смеење до солзи и музика, на 16 ноември, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ се одржа промоцијата на новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“. Книгата, како и претходните хит-романи на Ѕоф: „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Авторот Зоран Спасов Ѕоф на промоцијата истакна дека откако му се оддолжи на Торонто со својата книга „Торонто експрес“ и на Тито со „Тито, мојот претпоследен херој“, сакал да му се оддолжи и на Скопје, на скопскиот дијалект и хумор. Така дошол до идејата да го создаде своето ново дело: „Џабе живиш у Скопје“.

– Идејата за „Џабе живиш у Скопје“ е стара три години, но пишувањето и преродбеничката активност траеја повеќе од две. Едноставно, дојде денот кога ова мораше да се напише зашто постоеше сериозна опасност скопскиот сленг да изумре како таков. Ако го исклучиме Пемба из Ниш од „Среќна Нова …“, сфаќаме дека сите дијалекти се негуваат, освен нашиот – скопски, што е анатемисан од сите институти и институции. Насловот на книгата е комбинација на два збора што ги нема во литературниот македонски јазик, но затоа, пак, ги има во скопскиот „јазик“ и, нормално, самото Скопје. Пораката е дека треба да се негуваат скопскиот говор и скопскиот хумор. Во книгата има повеќе од 900 приказни. Има и неколку малку подразработени теми што нема да им се допаѓаат на две држави и неколку религиозни институции, но затоа, пак, читателите ќе уживаат во нив. Повеќе од половина од поимите, идиомите и афоризмите од книгата ми се омилени. Можам да ги издвојам оние на кои при секое читање се смеам на глас. Стопати да ги прочитам – стопати се смеам. Имам и еден фаворит, ама не го кажувам јавно пошто ќе ми се налути една комшиска држава … „Џабе живиш у Скопје“ е водич до сигурна смрт од смеење. Во предговорот убаво пишува дека скопскиот хумор е еден од најдобрите на светот … Ако човек не се смее (па, макар и во себе) значи дека не ни живее. Башка, смеењето е лек за сите болести – рече Ѕоф.

Игор Џамбазов

Специјални гости на настанот беа шоуменот Игор Џамбазов, Бранко Огњановски (познат како Миле Паника) и Сашо Мацановски-Трендо. Тие биле инспирација за дел од анегдотите и шегите во книгата, а се најдоа и на корицата на изданието.

Бранко Огњановски

Дизајнот на корицата повторно е на битолскиот стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. На промоцијата авторот му додели и плакета, како благодарност за оваа соработка.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,659FansLike
3,323FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ