Ева Лонгорија на прогласувањето Дама, титула која ја доби во Астурија, Шпанија, носеше креација на дизјанерот со македонско потекло, Тони Матичевски. Тој ја сподели информацијата на неговиот личен профил на Фејсбук.
Тони Матичевски со години важи за еден од најпознатите дизајнери во Австралија. Во негови креации се појавија Џенифер Лопез, принцезата Дина Абдулазиз, Хајди Клум, Бијонсе, Џејми Кинг, Пенелопе Круз и многу други.
Матичевски има македонско потекло. Тој е роден во Мелбурн во 1976 година. Неговите родители се преселиле во 1975 година, татко му пристигнал заедно со неговите браќа малку порано, некаде во 1973-74 година. Неговиот татко по потекло е од с. Новаци во близина на Битола, а мајка му е од с. Могила. Матичевски растел во семејство во кое неговата мајка била шивачка, па оттаму веројатно доаѓаат и првите знаци на интерес за светот на модата. Тони се школувал четири години на РМИТ, Кралскиот институт за технологија во Мелбурн.
Уредничката на американското издание на модното списание „Гламур“, Синди Лив го нарекува „крал на драмата“ и препорачува негови тоалети, кои, според неа, се карактеризираат со фини карнери, како и чанти дизајнирани специјално за читателите на списанието.