0.8 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Бранка Костиќ Марковиќ: Танец е амбасадор на Македонија во светот

Епитетите за Танец се различни. Тој е музеј, амбасадор на Македонија во светот. Ние имаме носии кои се по цел век стари, околу 2000 автентични носии. Тој не игра во стилиризирани носии. Имаме изворни инструменти, песни, ора. Танец каде и да патува може да ја видите целата историја и фолклорот на Македонија. Токму затоа, Танец го нарекуваат најголемиот амбасадор на нашата држава. Постојано добиваме комплименти дури и од луѓе кои а прв пат се соочуваат со фолклорот, вели Бранка Костиќ Марковиќ,уметнички раководител на уметничко сценска дејност во НУ„Танец“ за Приказна.

Бранка Костиќ Марковиќ,уметнички раководител на уметничко сценска дејност во НУ„Танец“, фотографија на Маја Аргакијева

ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, име што го симболизира македонскиот народен танц (оро), е амбасадор на македонската народна уметност и култура низ целиот свет. Како подвижен музеј на нашето културно богатство, ансамблот неуморно ја шири убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и насекаде низ Европа.

Како се роди Танец?

Бранка Костиќ Марковиќ Танец е многу смислено основан бидејќи во тоа време во поранешна Југославија се формирале ансамбли во Белград, Загреб и Скопје и до ден денес, после 73 години постојат, егзистираат и ја извршуваат мисијата за која се основани, да се собира, негува и сценски да се презентира фолклорот на државата во која ансамблот е основан.

Велигденски концерт 2022, извор архива на НУ Танец

Колку важен за македонската орска традиција?

Бранка Костиќ Марковиќ Танец е многу важен и станува сè поважен бидејќи сите ќе се согласат дека ние немаме кореографска школа. Танец е тој кој ги создава кореографиите и сите културно уметнички друштва го имитираат Танец, односно ги изведуваат кореографиите на Танец. Танец сè повеќе станува важен бидејќи нашиот фолклор го немаме, речиси е исчезнат на теренот, и затоа секој еден што сака да се запознае со орската традиција во Македонија се осврнува кон Танец.

Танец, извор архива на НУ Танец

Какво е влијанието на Танец како амбасадор на македонскиот фолклор интернационално?

Бранка Костиќ Марковиќ Епитетите за Танец се различни. Тој е музеј, амбасадор на Македонија во светот. Ние имаме носии кои се по цел век стари, околу 2000 автентични носии. Тој не игра во стилиризирани носии. Имаме изворни инструменти, песни, ора. Танец каде и да патува може да ја видите целата историја и фолклорот на Македонија. Токму затоа, Танец го нарекуваат најголемиот амбасадор на нашата држава. Постојано добиваме комплименти дури и од луѓе кои а прв пат се соочуваат со фолклорот.

Документарен магазин Приказна

Која е важноста на Танец во поглед на неговата ултурна мисија во иднина? Ќе може ли да ја разбуди љубовта на младите кон фолклорот?

Бранка Костиќ Марковиќ Танец тоа го прави. Таа мисија ја остварува во сите овие 73 години од постоењето. На Танец не доаѓа само возрасна публика, туку и млади. Се трудиме тој изворен фолклор да го пласираме на интересен начин. Нашите изданија се прекрасни. Нивото на снимениот материјал е како секој оној што може да го најдете во светските куќи. Неслучајно сè што прави Танец, се емитува на националниот сервис. На тој начин, со современи приоди се трудиме танец да го доближиме до младата публика, односно младите да сфатат дека да се слуша изворен фолклор, да се почитува Танец е ин.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,756FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ